Захариј Стојанов ( - ) (роден како Џендо Стојанов Џедев) ― бугарски револуционер, политичар и писател. Водач во Априлското востание, тој станал и негов прв историограф со својата книга „Записите на бугарските востанија“. Захариј Стојанов ја раководел организацијата за обединување на Кнежевството Бугарија со Источна Румелија во 1885, а остатокот од животот го минал како еден од водачите на Народнолибералната партија.Ташев, Тодор. Животът на летописеца. Изд-во „Христо Г. Данов“, 1984.

Животопис Захариј Стојанов е роден во семејството на овчарот Стојан Далакчиев во селото Медвен, близу Сливен. Неговото вистинско име е Џендо Стојанов Џедев. Учел на црковното училиште во родното село (1856-1862). Потоа бил овчар во селото Топола и во селото Подвис, кај Бургас (1866-1870). Додека чиракувал за кројач во Русе (1871-1872), се вклучил во Русенскиот револуционерен комитет.

Захариј Стојанов учествува во Старозагорското востание (1875). Тој е еден од раководителите на IV Пловдивски револуционерен округ за време на Априлското востание (1876). По поразот на востанието, заедно со Георги Бенковски и отец Кирил и Стефан Далматинецот се засолниле на Стара Планина, но се предадени и паѓаат во заседа на Тетевенскиот Балкан. При заседа Бенковски и отец Кирил се убиени, Стефан Далматинец е фатен, а самиот Захарија Стојанов успеал да избега. По неколкудневните скитања низ Стара Планина е фатен во близина на селото Терзијското, во близина на Тројан.

По неколку месеци поминати во Тројанскиот, Ловешкиот, Севлиевски, Тъновскиот, Еленскиот, Сливенскиот и Новозагорскиот затвор, се населил со Пловдив, а подоцна принудно бил испратен во Медвен. Нелегално оди во ослободено Трново (1877).

По 1878 година Захариј Стојанов е член на окружниот суд во Трново (1880), секретар на Апелациониот суд и судски истражител во окружниот суд во Русе (1881), вработен во Дирекцијата за правда на Источна Румелија (1882-1885). Тој го предводи Бугарскиот централен таен револуционерен комитет, кој организира обединувањето на Источна Румелија со Кнежевството Бугарија (1885). Од 1886 живее во Софија, каде што се вклучува активно во дејностите на Народнолибералната партија. Тој е народен претставник во Народното собрание (1886), потпретседател (1887) и претседател на парламентот (1888-1889).

На 2 август 1889 година по повод двегодишнината од устоличувањето на кнезот Фердинанд I, Захариј Стојанов е удостоен со Кнежевски орден "Свети Александар" I степен.Ташев, 1984 Починува од кинење на цревата, како последица на труење.Стоянов, 1929

Творби Искандер бей. Разказ из бълг. живот. 1882 Васил Левски (Дяконът). Черти из живота му. 1883 Записки по българските въстания . Разказ на очевидци, 1870–1876. Т. 1–3. 1884–1892. (с предг. од Александар Балабанов 1928, 1939, 1940; с предг. од Л. Стоянов 1948, 1949, 1957; с предг, од П. Пондев 1962; с предг. од В. Андреев 1956, 1967, 1975, 1976, 1977, 1986, 1987, 1988.) Заробването на Гаврил паша, 6 септември 1885 г. 1885 Черти из живота и списателската деятелност на Любен С. Каравелов. Реч. 1885 Четите в България на Филип Тотя, Хаджи Димитър и Стефан Караджата. 1867-1868. Пловдив, 1885 Какво направихме в Търново? Отчет към моите избиратели в Пловдив, Котел и околиите. 1886 Кои са виновниците на 9 август?, 1886 Коронованите нихилиста в България. 1886 Не му беше времето. (Отговор на брошурата „Недоразумението между българското и руското правителства“). 1886 Чардафон Велики. 1887 Христо Ботйов. Опит за биография. 1888 Априлското въстание. Из „Записки по българските въстания“.; 1942, Неиздадени съчинения. Увод. ред., бел. од А. Емануилов. 1943 Съчинения. В 3 т. Ред. Ал. Бурмов и др. 1965–1966 (1983) Непознати страници. Материали от личния архив на писателя. Съст., бел. Й. Палежев, 1981 Социализмът в България - чужди и горчиви ягоди

Извори

Категорија:Бугарски револуционери Категорија:Бугарски политичари Категорија:Бугарски писатели Категорија:Априлско востание Категорија:Бугарски мемоаристи Категорија:Починати во Париз Категорија:Луѓе од Медвен