Милениумските развојни цели се осум меѓународни развојни цели за коишто сите 192 земји-членки на Обединетите Нации и најмалку 23 меѓународни организации се договорија да ги постигнат до 2015 година. Тие вклучуваат искоренување на екстремната сиромаштија, намалување на стапката на смртност кај децата, борба против смртоносни болести како што е сидата како и развивање на глобално партнерство за развој.

Основа

Целта на Милениумските развојни цели е да се поттикне развој преку подобрување на социјалните и економските услови во најсиромашните земји во светот. Тие произлегуваат од претходните меѓународни развојни цели и официјално беа воспоставени по Милениумскиот самит во 2000 година каде што сите светски водачи ја усвоија Милениумската декларација на Обединетите нации, а од каде што произлегуваат и осумте цели предводени од групата на Џефри Сакс.

На Милениумскиот самит беше презентиран и извештајот на Генералниот секретаријат под наслов „Ние луѓето: улогата на Обединетите Нации во 21-от век“. Милениумскиот форум подготви и дополнителен влез каде што се собраа претставници од повеќе од 1.000 невладини организации како и организации на граѓанското општество од повеќе од 100 земји. Форумот се одржа во мај 2000 година со цел да се затвори двегодишниот процес на консултации којшто ги опфаќа проблемите како што се искоренување на сиромаштијата, заштита на животната средина, човекови права и заштита на ранливите групи. Одобрувањето на Милениумските развојни цели е веројатно најважниот исход на Милениумскиот самит. Во областа на мирот и безбедноста, усвојувањето на Извештајот на Брахими се смета за правилно опремување на организацијата за спроведување на мандатите од страна на Советот за безбедност.

Идеите пред Милениумските развојни цели

Милениумските развојни цели потекнуваат од Милениумската декларација на Обединетите нации. Според декларацијата, секој поединец има право на достоинство, слобода, еднаквост, основен стандард на живеење којшто вклучува и ослободување од глад и насилство, а ја поттикнува и толеранцијата и солидарноста. Милениумските развојни цели имаат за цел да ги воспостават овие идеи преку поставување цели и индикатори за намалување на сиромаштијата со цел да се постигнат правата содржани во Декларацијата во наредните петнаесет години.

Милениумските развојни цели се осврнуваат на три главни области од човековиот развој (човештвото): зацврстување на човечкиот капитал, подобрување на инфраструктурата како и зголемување на социјалните, економските и политичките права каде што фокусот главно се става врз зголемување на основните стандарди за живеење.

Целите, избрани во рамките на фокусот врз човековиот капитал, вклучуваат: подобрување на исхраната, здравството (вклучувајќи намалување на нивото на смртност кај децата, хив/сида, туберколоза и маларија како и зголемување на репродуктивното здравје и образование.

За фокусот врз инфраструктурата, целите вклучуваат: подобрување на инфраструктурата преку зголемување на пристапот до безбедна вода за пиење, енергија и технологија на модерно информирање и комуницирање; проширување на земјоделското производство преку одржливи практики; подобрување на транспортната инфраструктура; како и заштита на животната средина.

И на крај, целите за фокусот врз социјалните, економските и политичките права вклучуваат: права на жените, намалување на насилството, зголемување на политичкиот глас, обезбедување на еднаков пристап до јавните услуги како и зголемување на безбедноста на имотните права. Избраните цели се наменети за да се зголемат човековите способности на поединецот како и „унапредување на средствата за продуктивен живот“. Милениумските развојни цели придаваат големо значење на политиките на поединецот, па за да се постигнат, тие треба да се прилагодат на потребите на поединецот. Оттука, најголемиот број на предлози за политиките се општи.

Милениумските развојни цели, исто така, ја истакнуваат и улогата на развиените земји во помагањето на земјите во развој, како што е наведено во осмата цел. Осмата цел ги поставува целите за развиените земји за да постигнат „глобално партнерство за развој“ со поддршка на праведна трговија, олеснување на долговите за земјите во развој, зголемување на финансиската помош и пристап до основните достапни лекови како и охрабрување на трансфер на технологијата. На тој начин, земјите во развој не се оставени сами на себе во постигнувањето на Милениумските развојни цели, но се сметаат за партнер во развојот на договорот за намалување на сиромаштијата.

Милениумски развојни цели

Милениумските развојни цели се развиени надвор од осумте поглавја на Обединетите нации потпишани во септември 2000 година. Постојат осум цели и 21 потточка на овие цели како и бројни мерливи индикатори за секоја потточка.

Цел 1: Искоренување на екстремната сиромаштија и глад

Потточка 1А: Преполување на процентот на луѓе коишто живеат со помалку од 1 долар дневно

Процент на луѓе коишто живеат со помалку од 1 долар дневно (вредности на ПКМ-Паритет на куповна моќ) Сооднос на јазот на сиромаштијата Удел во најсиромашниот квинтал во националната потрошувачка

Потточка 1Б: Постигнување на достојно вработување за жените, мажите и младите луѓе

Раст на БДП по вработен човек Стапка на вработеност Процент на вработени коишто живеат со помалку од 1 долар дневно (вредности на ПКМ) Процент на вработени во едно семејство во вработеното население

Потточка 1В: Преполување на процентот на населението коешто страда од глад

Зачестеност на деца до петгодишна возраст со тежина помала од нормалната Процент на населението коешто живее под минималното ниво на потрошувачката на храна и енергија

Цел 2: Постигнување на универзално основно образование

Потточка 2А: До 2015 година, сите деца да можат да завршат основно образование

Запишување во основно училиште Завршување на основно образование Писменост на деца на возраст од 15 до 14 години

Цел 3: Промовирање на полова еднаквост како и правата на жените

Потточка 3А: Елиминирање на половата нееднаквост во основното и средното образование, по можност до 2005 година, како и на сите нивоа до 2015 година

Сооднос на девојчиња и момчиња во основно, средно и високо образование Удел на жените во платите за вработување надвор од земјоделскиот сектор Процент на местата на жените во националниот парламент

Цел 4: Намалување на стапката на смртност кај децата

Потточка 4А: Намалување од две третини на стапката на смртност кај децата на под пет години во периодот помеѓу 1990 и 2015 година

Стапка на смртност под пет години Стапка на смртност на доенчиња (бебиња коишто сè уште немаат 1 година) Процент на едногодишни деца вакцинирани против мали сипаници.

Цел 5: Подобрување на здравјето на мајките

Потточка 5А: Намалување на стапката на смртност на мајките од три четвртини во периодот помеѓу 1990 до 2015 година

Стапка на смртност на мајките Процент на породувања од стручен персонал

Потточка 5Б: Постигнување на универзален пристап до репродуктивното здравје до 2015 година

Стапка на распространетост на контрацепција Наталитет на адолесценти Покриеност на претпородилна нега Несоодветна потреба за планирање на семејство

Цел 6: Борба против ХИВ/СИДА, маларија и други болести

Потточка 6А: Да се запре и да се намали ширењето на ХИВ/СИДА до 2015 година

Распространетост на ХИВ помеѓу луѓето на возраст од 15 до 24 години Користење на кондом за време на ризичен полов однос Процент на населението на возраст од 15 до 24 години со напредно и правилно познавање за ХИВ/СИДА

Потточка 6Б: Постигнување на универзален пристап за лекување од ХИВ/СИДА за сите оние на кои им е тоа потребно до 2015 година

Процент на населението со напредна ХИВ инфекција и со пристап до антиретровирусни лекови

Потточка 6В: Да се запре и да се намали ширењето на зачестеноста на болеста маларија и другите актуелни болести

Распространетост на стапката на смртност поврзана со маларија Процент на деца под петгодишна возраст коишто спијат во шатори прскани со средства против инсекти Процент на деца под петгодишна возраст коишто се лекуваат со соодветни лекови против маларија Распространетост и стапка на смртност поврзана со туберколоза Процент на откриени случаи на туберколоза како и процент на излечени случаи со краток курс по директно набљудување на процесот на лекување

Цел 7: Обезбедување одржливост на животната средина

Потточка 7А: Интегрирање на начелата на одржливиот развој во националните политики и програми како и замена на дефицитот на ресурси од животната средина

Потточка 7Б: Намалување на дефицитот на биолошка разновидност како и постигнување на значајно намалување на стапката на дефицит до 2010 година

Процент на површина покриена со шуми Испуштање на јаглерод диоксид, вкупен БДП во износ од 1 долар по глава на жител (ПКМ) Потрошување на супстанции коишто ја уништуваат озонската обвивка Процент на залихи на риба во рамките на безбедните биолошки граници Процент на вкупниот број на водни ресурси коишто се употребуваат Процент на заштитени копнени и морски површини Процент на загрозените видови на кои им се заканува истребување

Потточка 7В: Преполување на процентот на население без одржлив пристап до безбедна вода за пиење како и основна санитација до 2015 година (за повеќе информации, погледнете го влезот за снабдување со вода)

Процент на населението со одржлив пристап до подобрен извор на вода, и градски и рурален Процент на градското население со пристап до подобрена санитација

Потточка 7Г: Да се постигне значајно подобрување на животот на најмалку 100 милиони сиромашни граѓани до 2020 година

Процент на градско население коешто живее во сиромашни квартови како и осигурување дека живеалиштата на загрозените видови се заштитени.

Цел 8: Развој на глобално партнерство за развој

Потточка 8А: Дополнителен развој на отворен и предвидлив трговско-финансиски систем каде што владеат правилата и недискриминацијата

Вклучува заложба за добро управување, развој и намалување на сиромаштијата и на национално и на меѓународно ниво

Потточка 8Б: Обрнува внимание на посебните потреби на најмалку развиените земји

Вклучува: Слободен пристап до царинските давачки и квоти за извозот на најмалку развиените земји; зајакната програма за ослободување од долгот на ХИПС како и откажување на официјалниот билтерален долг; и побогата финансиска помош за развој на прекуокеанските земји коишто се залагаат за намалување на сиромаштијата.

Потточка 8В: Обрнува внимание на посебните потреби на земјите во развој без излез на море како и на малите островски земји во развој

Преку Програмата за дејствување за одржлив развој на малите островски земји во развој и исходот на 21-та вонредна седница на Генералното собрание.

Потточка 8Г: Детално се справува со должничките проблеми на земјите во развој преку национални и меѓународни мерки со цел да се постигне одржлив долг на долгорочна основа

Некои индикатори, наведени подолу, се следат одделно за секоја од најмалку развиените земји, Африка, земјите во развој кои не излегуваат на море како и малите островски земји во развој. Официјална финансиска помош за развој Нето финансиска помош за развој, износ за најмалку развиените земји како процент од БНП за дарителите Процент од вкупниот доделен износ на финансиската помош за развој на прекуокенските земји на дарителите за основните социјални услуги (основно образование, основна здравствена заштита, исхрана, чиста вода и хигиена) Процент на распределената билатералната финансиска помош за развој за прекуокеанските земји на дарителите Финансиска помош за развој на прекуокенаските земји доделена за земјите кои не излегуваат на море како процент од нивниот БНП ( Финансиска помош за развој на прекуокенаските земји доделена за малите островски земји во развој како дел од нивното БНП Пристап на пазарот: Процент од вкупниот извоз на развиените земји (по вредност и со исклучок на оружје) од земјите во развој и од најмалку развиените земји, увезени без царина