300px|мини|десно|Атриум во Пела 300 px|мини|десно|Златниот ларнакс и златната гробна круната на Филип II Македонски Античка Македонија чие име тогаш било само Македонија се наоѓала во централниот дел на Балканскиот Полуостров, на север од најсеверната хеленска (старогрчка) област, односно Тесалија. Античките автори ја опишуваат како планинска земја, со голем број реки, богати полиња, шуми и езера и со рудни богатства.
Етничката, географската и јазичната граница на југ се протегала по северните падини на Олимп и брегот на реката Пенеј. Западната граница започнувала од Пинд и продолжувала по Шарпланинскиот масив (Јабланица, Кораб, Дешат и планината Скард - денес Шар Планина). Шар Планина била тромеѓата помеѓу Македонија, Илирија и Дарданија . Северната граница, од тука, се спуштала по падините на планината Јакупица, минувала низ современите градови Скопје и Велес , по линијата на Сопот и Новачани, како и по долината на реката Пчиња и излегувала на Осоговските планини сè до Рила Планина. Источната граница одела по источните стрмнини на Пирин Планина сè до устието на реката Нестос во Егејското Море. Античките автори приморска Македонија ја нарекувале - Долна Македонија, а планинскиот внатрешен дел - Горна Македонија . Античките автори секогаш пишувале и говореле само за Долна и Горна Македонија .
Според Плиниј и Страбон, најстарото географско име на Македонија е Ематија. Ематија на хеленски јазик значи песоклива земја. Хелените за приморска Македонија покрај името Ематија го користеле и поимот Тракија, со кои било именувано македонското крајбрежје. Поимот Тракија за македонското крајбрежје има географско, а не етничко значење . Постепено името Ематија било потиснато од името Македонија. Освен името Македонија во изворите се среќааваат и облиците Makedonida, Makedonitida, а како етноними се користат, машката форма Makedon и женските облици Makedonissa и Mаkete , како и множината Makedones.
Од владеењето на првата македонска династија Аргеади во VIII в. пр.н.е. започнува ширењето на државната територија, која ги обединува сите етноси (палеобалкански популации со индоевропско потекло) што живееле на територијата на Античка Македонија: Бриги, Пајонци, Пелагонци, Линкести, Енгелани, Дасарети, Орести, Еордаи, Елимеи, Ботиајци, Пиеријци, Алмопи, Мигдонци, Крестонци, Бисалти, Еордејци, Едони и др.
За Македонија карактеристични се: македонската басилеја, кралското уредување со наследен владетел и државни институции што владеат според македонски закони, македонски обичаи, обреди, со македонски божества, митови, култови и посебен македонски јазик.
Првата кралска престолнина била Ајга (Вергина), втората престолнина е Пела, која со големите градежни зафати во времето на Филип II Македонски станува метропола на Балканот. Македонската држава постигнува најголем политички, воен и економски подем во времето на Филип II Македонски, а екуменско значење (споредсвојата големина и моќ) во времето на Александар III Македонски.
По неговата смрт сè до римските освојувања (334–168 г. пр. н.е.) Македонија ја владеат дијадосите и епигоните: Антипатар, Касандар, Филип IV, Александар V(т. н. Антипатриди), Деметриј I Опсадникот, Пир, Лизимах, Птолемај; по 277 г. пр.н.е. следи последната македонска династија Антигониди: Антигон I Гонат, Деметриј II, Антигон Досон, Филип V Македонски и Персеј.
По паѓањето под римска власт, во 146 г. пр.н.е., Македонија станува римска провинција
Име Според Плиниј и Страбон, најстарото географско име на Македонија е Ематија. Географот Птолемај запишал дека првата македонска престолнина Ајга се наоѓала во Ематија. Со името Ематија се означувала цела приморска, односно Долна Македонија. Солин запишал една легенда според која Amathos или Emathos било име на македонски крал, а според друга легенда, Amathos бил син на Македон. Првото име на Македонија - Ематија било дадено од хеленските морепловци кога првпат пристигнале во приморска Македонија, Ематија на хеленски јазик значи песоклива земја. Меѓутоа, Хелените за приморска Македонија покрај името Ематија го користеле и поимот Тракија, со кои било именувано македонското крајбрежје. Именувањето на македонското крајбрежје како Тракија придонело во науката да се создаде т.н пантракиска теорија според која племињата во источниот дел на Македонија и воопшто сите Антички Македонци имаат тракиско потекло. Меѓутоа, терминот Тракија за македонското крајбрежје има географско, а не етничко значење .
Постепено името Ематија било потиснато од името Македонија. Освен името Македонија во изворите се среќааваат и облиците Makedonida, Makedonitida, а како етноними се користат, машката форма Makedon и женските облици Makedonissa и Mаkete , како и множината Makedones.
За значњето на името Македонија има две толкувања. Според едното, името Македонија доаѓа од хеленското makednos, термин кои само еднаш е употребен кај Хомер. Според другото толкување, името Македонија е старобалканско име, во кое може да се препознае бригискиот збор за земја . Според некои научници, името Македонци било хеленски превод на нивното изворно име - Кауконци . Имињата Makedonia и Makedon се хеленска копија, односно преведеница на домородното име .
Етнички граници Античка Македонија се наоѓала во централниот дел на Балканскиот Полуостров, на север од најсеверната хеленска (старогрчка) област, односно Тесалија. Во делото Патопис, напишано од Псевдо-Скимнос, се истакнува: Над Темпе се наоѓа земјата на Македонците, штп лежи од другата страна на Олимп Делото Патопис е напишано од непознат автор од вториот век од старата ера. Етничката, географската и јазичната граница на југ се протегала по северните падини на Олимп и брегот на реката Пенеј. На југозапад границата продолжувала до планината Пинд, тука се наоѓало тромеѓата помеѓу Македонија, Епир и Тесалија .
Западната граница започнувала од Пинд и продолжувала по Шарпланинскиот масив (Јабланица, Кораб, Дешат и планината Скард - денес Шар Планина). Шар Планина била тромеѓата помеѓу Македонија, Илирија и Дарданија . Северната граница, од тука, се спуштала по падините на планината Јакупица, минувала низ современите градови Скопје и Велес, по линијата на Сопот и Новачани, како и по долината на реката Пчиња и излегувала на Осоговските планини сè до Рила Планина. Северната граница на Македонија, подоцна била граница помеѓу римските провинции Македонија и Горна Мизија, меѓутоа оваа граница била и граница меѓу две култри: источна (хеленска) и западна (латинска).
Источната граница одела по источните стрмнини на Пирин Планина сè до устието на реката Нестос во Егејското Море.Историја на Аргеадите, Наде Проева, Скопје, 2004
Географска положба Започнувајќи со Херодот, античките автори приморска Македонија ја нарекувале - Долна Македонија, а планинскиот внатрешен дел - Горна Македонија . Античките автори секогаш пишувале и говореле само за Долна и Горна Македонија , а никогаш за западна и источна Македонија или источна Панонија , како што прават некои современи автори. Во историската литература има примери кога некои од македонските области наместо да се вбројат онаму каде што се наоѓале во антиката, се класифицираат според поделбата на источна и западна Македонија, што е научно и историски неточно . Некои историчари областа Парорбелија ја вбројуваат во источна Македонија иако Страбон истакнал дека оваа област се наоѓала во Македонија, односно на македонска страна. Затоа областите во т.н источни делови на Македонија треба да се распоредат во Горна или Долна Македонија , во зависност од местоположбата . Географска поделба Долна Македонија
350px|мини|десно|Холомонтас Долна Македонија се состоела од следните области: Пиерија, Ботиаја, Алмопија, Амфакситида, Мигдонија, Антемунт, Ботика, Крусида, Бисалтија, Крестонија, Пиерида, Едонија (Едонида), а во политичка смисла и Еордеја .
Пиерија го опфаќала крајбрежниот дел наспроти Халкидик, помеѓу сливовите на реките Пенеј на југ и Халиакмон на север. Областа се наоѓала северно од планината Олимп и источно од Пиериските Планини (Шапка). Ботиаја во римско време била позната како Кампанија. На запад се граничела со Еордеја, на југ со Пиерија, на север се граничела со Алмопија, односно планината Пајак, а на исток била омеѓена со реката Аксиј. Алмопија се нарекувала рамнината во грониот тек на реката Лудија (Колудеј), омеѓена од планините Пајак и Ниџе. Поголеми градови биле Хорма, Апсал и Еуроп. Амфакситида е географско име од подоцнежно време, со кое се означувале териториите од двете страни на реката Аксиј. Оваа област ги опфаќала некогашните долнопајонски области источно од Аксиј - Грестонија и Крусида. Поважни градови во оваа област биле: Идомена, Гортинија, Аталанта и Европ. Мигдонија своето име го добила според епнимниот херој Мигдон. Оваа област го опфаќала северниот дел на Халкидик. Името Мигдонија честопати се користело како заедничко или збирно име за означување и на областите Крестонија, Бисалтија и Антемунт. Крестонија или Грестонија го добила името епонимниот херој Грастос, син на Македон. Според Херодот, оваа област се наоѓала во горниот тек на реката Ехедор, на север од Мигдонија и северозапад од Бисалтија. Оваа област подоцна била означувана со името Амфакситида. Бисалтија се протегала по долниот тек на реката Стримон, источно од планинскиот масив Дисорон (Круша). Поважни градови во оваа област биле Берга, Еупорија, Алор и Трагил. Пиерида или Пиерија се нарекувала крајбрежјето источно од устието на реката Стримон, сè до Нестос, каде што се наоѓале тврдините Фарга и Пергам. Поважни градови биле: Ејон, Амфипол, Галепс, Ојсимна, Неапол (Кавала) и Аконтисма. Едонија името го добила по епонимниот херој Едон, брат на Мигдон. Областа се наоѓала на север од Пиерида и североисточно од Пангајските планини. Поголеми градови биле: Миркин, Драбеск и Филипи. Еордеја ја опфаќала областа околу езерото Бегорис, северно од Елимеја, помеѓу Пиерија и Орестида, јужно од Линкестида. Поважни градови биле: Арниса и Кела.
На Халкидик се наоѓале областите Крусида, Ботика и Антемунт. Крусида го опфаќала крајбрежјето јужно од Термајскиот Залив (Солунскиот Залив) до кракот Палена. Ботика се наоѓала на средишниот дел на Халкидик. Поважни градови во Ботика биле: Калиндоја, Спартол, Плеума и др. Областа Антемунт се наоѓала источно од Тесалоника. Оваа област според Тукидик во рамките на Македонија била вклучена во VI век п.н. Целиот Халкидик во рамките на македонската држава влегува во времето на Филип II Македонски и станал неразделен дел од Македонија сè до крајот на антиката.
Горна Македонија
мини|350п|Хераклеја Линкестис Во Горна Македонија, која била именувана и како Слободна Македонија Strab. VII, 326Caes., Bell. civ III, 7, 9, влегувале следните области: Тимфаја, Параваја, Дасаретија, Орестида, Линкестида, Пелагонија, Дериоп, Пајонија, Парорбелија, Синтика и Одомантика .
Тимфаја се наоѓала на границата со Епир. По важни градови биле: Ајгиниј и Гиртона. Параваја се протегала во соседство на Тимфаја. Поважни градови биле: Парореја и Ерибоја. Дасаретија или Дасаретида се протегала на север од Епир, односно од реките Апсос и Еордаикос. Според Плиниј, оваа област завршувала кај дивите барбари Дарданците. Поважни градови биле: Лихнид, Евија и Ускана. Орестида ги опфаќала горниот тек на Халиакмон, Костурското и Преспанксото езеро. Поважни градови биле: Аргос Орестикон, Лика и Батина. Линкестида го опфаќала јужниот дел на денешна Пелагонија. Поважни градови биле: Хераклеја, Никаја и Бева. Пелагонија се нарекувал денешниот северен дел на Пелагонија. Поважни градови биле: Пелагонија, Керамија и Колобајса. Дериоп се наоѓала во горниот тек на реката Еригон. Тука се наоѓале градовите Стибера, Алкомена и Брианион. Пајонија се пртотегала по течениото не реката Аксиј, од Демир Капија до Таорската Клисура на север. Позначајни градови биле: Аргос, Стоби, Антигонеја, еврист, Стена, Билаѕора, Астибос, Добер, Страј, и Баргала.