Јордан Гавазов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација. Животопис Јордан Гавазов е роден во Прилеп, тогаш во Отоманското Царство. По професија е железар. Заедно со Даме Груев, Александар Хаџи Панов и Јордан Поп Костадинов го создале Прилепскиот револуционерен комитет на Македонската револуционерна организација во 1894 година.

Во 1896 година е уапсен и затворен во битолскиот затвор, уапсен е како учесник во убиството на беговските зулумџии во Небрегово во 1894 година, нападот бил извршен од Дедо Димо и неговите другари. Во затворот, Јордан Гавазов, заедно со Стојан Лазов и Дончо го прободеле со ками неколкупати Мицко Крстевски, по што Мицко конечно преминал во услуга на српската пропаганда во Македонија Николов, Тома, „Спомени от моето минало“, Изд. на Отеч. фронт, София, 198 г. Силяновъ, Христо, „Освободителнитѣ борби на Македония, II“, София, 1943, стр. 279.

Зимата на 1897-98 година Јордан Гавазов успеал да се ослободи од затвор и емигрирал во Бугарија. Заедно со Христо Чемков повторно навлегол во Македонија, во мај 1898 година, со идејата да формираат организациска чета во Прилепско со Харалампи Џуров и Стојан Димитров - Акчијата Петров, Тодор. Нелегалната армия на ВМОРО в Македония и Одринско (1899-1908), Военно издателство, София, 2002 г., стр. 24..

Во Прилеп, Гавазов и Чемков биле опколени во една куќа и за да не бидат заробени се самоубиваат, а пред тоа го убиле полицискиот началник и неколку војници Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 28..

Извори

Г