мини|(2010) Роберт Ентони Плант (, роден ), е англиски рок-пејач и текстописец, најдобро познат како член на групата „Лед Цепелин“. Плант се смета за еден од најзначајните пејачи во историјата на рок-музиката, и извршил големо влинаие врз бројни пејачи, меѓу кои и Фреди Меркјури и Аксел Роуз. Во 2006 година, хеви-метал списанието „Хит Парадер“ го избрало Плант како најголемиот метал-пејач на сите времиња, а во 2009 година, во гласањето спроведено од „Планет Рок“ тој бил проглаен за најголемиот глас во рок-музиката.
Живот и кариера Плант е роден во градот Западен Бромвич во таканаречената Црната Земја (тогаш во Стафордшир сега во Западен Мидланд) од татко Роберт К. кој работел како градежен инженер и мајка Ани К (Каин) Плант, но пораснал во Кидерминстер, во Вустершир. Плант изразил интерес во пеење и рокенрол музика на рани години. Кога бев дете имав обичај да се кријам зад завесите дома за Божиќ и имав обичај да се обидувам да бидам Елвис. Имаше одреден одек помеѓу завесите и француските прозорци, имаше одреден звук таму за десетогодишник. Тоа беше целото одекнување што можев да го добијам на 10 години. И секогаш сакав да бидам завесата или несто слично на неа. Тој го напушта основното училиште за момчиња „Крал Едвард VI“ во Сторбриџ во средината на тинејџерските години и развива силна страст за блуз, претежно поради неговото одушевување од Вили Диксон, Роберт Џонсон и рани преправки на песни од овој жарн. Претпоставувам дека бев прилично заинтересиран за мојата колекција на марки и за Римско- Британската историја.Јас бев мало момче од основно училиште и можев да го слушнам тој повик преку воздушните бранови.
Тој се откажал од обуката за сметководител само после две недели за да посетува колеџ во обид да се стекне со повеќе школски дипломи и да стане дел од блуз сцената на Англискиот Мидланд. „Заминав од дома на 16“-рече тој и јас започнав со моето вистинско музичо образование, движејќи се од група до група, продолжувајќи го моето знаење за блузот и друга музика која имаше тежина и беше исплатлива за слушање.’
Плантовите рани блуз влијанија ги влкучуваат Роберт Џонсон, Бука Вајт, Скип Џејмс, Џери Милер и Слипи Џон Естес. Плант имал различни вработувања додека ја бркал својата музичка кариера, едно од кои било за големата Британска компанија за изградба Вимпи во Бирмингам во 1976 поставувајќи џера на патиштата. Тој исто работел во Вулвортс во градот Халесовен за кратко време.Тој направил три незначајни сингла на ЦБС Рекордс, и пеел со различни бендови, вклучувајќи ги Лазечките Кралски Змии, кои го донеле до контакт со тапанарот Џон Бонхам.
Овие двајца продолжиле да свират во Бендот на радоста, спојувајќи блуз со понови психоделични трендови. Иако неговата рана кариера не се сретнала со комерцијален успех, наскоро се расчул зборот за ‘младиот дечко со моќен глас’.
Роберт Плант се жени со Маурин Вилсон на 9 ноември 1968. Парот имаа три деца: ќерката Кармен Џејн (1968) ( сопруга на Чарли Џонес, Плантовиот бас-гитарист за соло турнеите); и синовите Карач Пендрагон (19972-1977) ( починат од вирус; причината поради која турнејата на Лед Цепелин низ Северна Америка во 1977 била прекината), и Логан Ромео(1979).Парот се разведил во август 1983, Исто, Плант има помлад син, Џеси Ли (1991), синот на Ширли Вилсон, сестра на Маурин.
На 14 август, било најавено преку, вести сервисот со смс пораки на Волверхампрон Вандередс дека “ Рок Легенда и долгогодишен навивач на Волците, Роберт Плант ќе стане третиот потретседател на клубот.” Плант официјално ја добива честа пред почетокот на играта на првиот сезонски натпревар на клубот против Вест Хам. Плант за првпат го посетил Моллинех кога имал 5 години.Тој изјавил за интервјуто во неговиот локален весник Експрес и Ѕвезда во август 2010: “ Јас бев пет години кога татко ми ме донесе долу за првпат и Били Врајт ми намавна.Навистина, ми намавна.И тоа беше – Јас бев закачен од тој момент.” Според Списокот на Богати на Сандеј Тајмс Плант вреди 80 милиони фунти од 2009. Доцна во 2010 на ББЦ2, документарец го опфаќа Роберт Плант дебатирајќи го неговиот пат со Лед Цепелин и различни проекти од тогаш па до денес.
Членството во Лед Цепелин Во 1968, гитаристот Џими Пејџ бил во потрага по нов носечки вокал за неговиот нов бенд и се сретнал со Плант, откако бил одбиен од неговиот првичен избор Тери Рид, кој го препорачал него на шоу во колеџ за наставничка обука во Бирмингем – каде што Плант пеел во бенд наречен Хобстведле. Пејџ објаснил :
Кога дојде на аудиција и го чув како пее, јас веднаш забележав дека мора да има нешто погрешно со него на персонален план или дека мора да е страшно тешко да се работи со него, бидејќи јас не можев да разберам зошто, откако тој ми кажа дека веќе пее неколку годиини, сè уште нема станато големо име. Па затоа јас го повикав кај мене на некое време, за да го проверам, и супер се сложувавме. Без проблеми.
Според Плант: Јас се појавував во овој колеџ кога Питер и Џими се појавија и ме прашаа дали сакам да им се придружам на Дворските Птици. Јас знаев дека Дворските Птици имаат изработено многу дела во Америка- кое на мене ми значеше публика која би сакала да знаае што јас би имал да понудам – па нормално бев многу заинтересиран.
Плант и Пејџ веднаш се совпаднале на начинот на кој ја делеле страста кон музиката и ја започнале нивната пишувачка соработка со преработки на порани блуз песни, иако Плант не добива никакви признанија за текстописец на првиот албум на бендот, бидејќи тој демек сè уште бил под договор со ЦБС Рекордс во тоа време.Плант го довел Џон Бонхам како тапанар, и на нив веднаш им се приклучил Џон Паул Џонс.
На почеток нарекувани ‘Новите Дворски Птици’ во 1968, бендот наскоро почнал да биде препознаван како Лед Цепелин. Бендовиот истоименуван дебитантски албум ги удрил топ листите во 1969 и нашироко му се придава занчење како забрзувач на хеви метал жанрот. Плант коментирал дека не е фер луѓето да го сметаат Лед Цепелин како хеви метал, бидејќи скоро третина од нивната музика била акустична.
Во 1975, Плант и неговата сопруга Мурин ( денес разведени) беа сериозно повредени во сообраќајна несреќа во Родос, Грција. Ова сериозно се одразило на продукцијатата на седмиот албум на Лед Цепелин, ‘Присутност’ на неколку месеци додека тој закрепнувал, и го принудил бендот да ги откаже отанатите дати од турнејата за таа година.
Во Јули 1977 неговиот син Карач умира на пет годишна возраст од стомачна инфекција додека Плант бил окупиран со концерт турнејата на Лед Цепеллин низ Обединетите Американски Држави. Тоа била катастрофална загуба за фамилијата. Плант се повлекол во својот дом во Мидландс и со месеци потоа се запрашувал за својата иднина. Карачовата смрт подоцна го инспирирла да ја напише песната “ Сета моја Љубов” со посвета, ставена на финалната студиска грамафонска плоча на Лед Цепелин “ Внатре преку влезната вратата” во 1979 година.
Плант не започнал да пишува песни со Лед Цепелин сè до правењето на албумот Лед Цепелин II во 1969. Соред Џими Пејџ:
Најбитната работа за „Лед Цепелин II“ е дека до тогаш јас придонесував за текстовите. Роберт немал пишувано претходно, и требаше многу зезање да го натераме да пишува, што беше смешно. И, потоа на втората грамафонска плоча, тој ги напиша зборовите Ти Благодарам. Тој рече “Јас би сакал да го пробам ова и да го напишам за жена ми”.
Плантовите текстови со Лед Цепелин беа често мистични, филозофски и духовни, насочувајќи на збиднувања во класична и скандинавска митологија, како „Имигрантска Песна“, која се однесува на Валхала и Викиншки достигнувања. Како и да е песната “Без Четвртина” е најчесто погрешно сфатена дека се однесува на богот Тор, а песната всушност се однесува на Планината Тор (која е именувана според богот Тор). Друг пример е „Дождовната песна“.
Плант исто бил и под влијание на Џ. Р. Р. Толкин, чиишто серии на книги ги инспирирале текстовите на некои претходни песни на Лед Цепелин. Најзначајни “Битката на секогаш повеќе”, “Маглив Планински Потскок”, „Без Четвртина“, “Продолжи да вревиш” и “Преку ридовите и во далечина” содржејќи строфи реферирајќи ги „Господар на прстените“ и „Хобитот“. Разговорно, Плант понекогаш употребувал по едноставни блуз-засновани текстови справувајќи се примарно со сексуална двосмисленост, како во “Лимоновата Песна”, “Фатен под стапалото” и „Црно куче“.
Велшката митологија исто формира основа на Плантовите интереси во мистични текстови. Тој пораснал близу до Велшката граница и често користел летни патувања до Сновдонија. Плант купил Велшка овчарска фарма во 1973, и почнал да зема часови по Велшки и да навлегува во митологијата на земјата( како во Црната Книга на Карматтен, Кнагата на Талиесин, итн.) Плантовиот прв син Карач,бил именуван по Велшкиот воин Каратакус. Песната “Bron – Y- Aur Stomp” е именувана по Велшка Вила од 18 век Bron – Yr – Aur, која ја поседувал пријател на татко му, која подоцна ја инспирирала песната “ Bron-Yr-Aur”. Песните “Маглив Планински Потскок”, “Тоа е начинот” и „рани претставки во тоа што подоцна ќе стане” „Скалило до рајот” биле напишани во Велс и лирично ги рефлектирараат Плантовотовите мистични погледи на земјата. Критичарот Стив Турнер предлага дека Плантовите рани и продолжени искуства во Велс послужиле како основа за неговитот раширен интерес во митологиите накои тој се навраќа во неговите текстови( вклучувајќи ги мит системите на Толкен и Скандинавските).
Страста за различни музички искуства го одвела Плант да ја истражува Африка. посебно Маракеш во Мароко каде тој се сретнал со Ум Култим.
Јас бев заинтригиран од музичките ноти, на почеток, и очигледно вокалната работа. Начинот накојшто таа пееше, начинот на којшто таа можеше да ја издржи нотата, можеше да се почувствува тензијата, можеш да каже дека сите, целиот оркестар,ќе ја држи нотата додека таа не одлучи да смени.
Таа музичка инспирација последователно кулуминирала во класичната снимка “Кашмир” ( што не е во Северна Африка, туку во Индија). Двајцата тој и Џими Пејџ се навратиле на овие влијанија за време на нивната повторна соработка во изработката на албумот “Без Четврт: Џими Пејџ и Роберт Плант без правец “ во 1994. Во неговата соло кариера, Плант повторно често црпи од овие влијанија, најзабележително во албумот “Земја на соништата” од 2002.
Дискутабилно едно од Плантовите најзначајни достигнувања со Лед Цепелин е неговиот придонес на песната “ Скалила до рајот”, епска рок балада, поставена на Лед Цепелин IV која црпи влијанија од фолк, блуз, Келтска традиционална музика и хард рок помеѓу остантите жанрови. Поголемиот дел од текстот од песната бил пишуван спонтано од Плант во 1970 во Хедли Гранџ.Иако никогаш не била издадена како сингл, песната била на врвот на топ листите како најдобрата песна на сите времиња на најразлични листи ширум светот.
Плант е исто познат по неговите текстуални импровизации во изведбите во живо на Лед Цепелин, најчесто пеејќи стихови кои се претходно нечуени на студиските снимки. Една од најпознатата музичка опрема на Лед Цепелин го вклучува Плантовото гласовно мимикување на гитара ефектите на бенд членот Џими Пејџ. Ова може да биде слушнато во песните “Уште колку пати”, “Обземен и збунет”, “Лимоновата Песна”, “Ти ме растресе”, “Ничија вина освен моја” и “Повторно Болен”.
Тој е исто познат по неговото живо, хумористично и невообичаено шегачење на сцена најчесто наречено” плантинирање”. Плант најчесто ги дискутира потеклото и позадината на песните за време на претстави, а понекогаш и дава социјален коментар исто така. Тој често збори за Американски блуз музичари и неговата инспирација, спомнувајќи артисти како Роберт Џонсон, гитаристот на “Завивачкиот Волк” Слепиот Вили Џонсон, и Вили Диксон на почетната церемонија на рокенрол холот на славните и на концертот посветен на Ахмет Ертекун во 2007 година со Лед Цепелин.
Сценска личност