Mерил Стрип (родена на ) — американска глумица која работи во полето на филмската продукција, театарот и телевизијата. Таа се смета за една од најталентираните и најпочитувани глумици во модерната ера.

Стрип своето прво професионално деби на сцената го направила во 1971 година во Плејбојот од Севил, пред нејзиното деби на екраните во филмот Најслабата Сезона во 1977 година. Истата година дебитирала со филмот Џулија. Нејзиниот успех дошол до израз набргу со нејзината улога во Ловец на елени (1987) и Крамер против Крамер (1979). Првонаведениот филм и ја овозможил на Стрип нејзината прва номинација за Оскар, а вториот нејзината прва награда. Подоцна таа освоила награда за најдобра глумица, за нејзината улога во Изборот на Софи (1982). Третиот Оскар таа го добила за улогата како Маргарет Тачер во биографскиот филм Челичната дама (2011).

Стрип била номинирана 20 пати за Филмска Награда на Академијата на САД, од кои, трипати ја освоила, и се здобила со 30 номинации за Златен Глобус, од кои освоила осум, со што станала единствената глумица која се здобила со најголем број номинации во историјата на оваа манифестација. Таа освоила и две Еми награди, од страна на здружението за филмски глумци исто така две награди, награда од Канскиот филмски фестивал, пет награди од страна на здружението на филмски критичари на Њујорк, пет Греми номинации, две награди од страна на Британската Академија за филмски и телевизиски уметности (БАФТА), две награди од аАвстралискиот филмски институт и номинација за Тони награда. Во 2004 година од страна на Американскиот филмски институт таа добила награда за животно дело.

Ран живот и биографија Стрип е родена во Самит, Њу Џерси а нејзиното правилно име е Мари Луис Џерси. Таа е ќерка на Мари Волф(родена Вилкинсон) рекламен уметник и поранешен уметнички уредник, и Хари Вилијам Стрип фармацевски управник. Таа има двајца браќа, Дана и Хери. Предците на нејзините родители потекнуваат од Лофнау, Германија, од таму нејзината прапра баба Готфрид Стриб емигрирала во Соединетите Американски Држави, каде што еден од нејзините предци бил градоначалник. Дел од фамилијата на Стрип е од Гисвил, мало гратче во Швајцарија. Нејзините предци од страната на мајка потекнуваат од Пенсилванија и Род Ајленд. Нејзиниот осми по ред прадедо, бил еден од првите Европејци кои го населиле Род Ајленд. Стрип исто така е далечна роднина на Вилијам Пен, основачот на Пенсилванија, и постојат записи кои сведочат дека нејзината фамилија била една од првите откупувачи на земја во Пенсилванија.

Таа пораснала во Бернардсвил Њу Џерси каде учеше во локалното училиште и била воспитувана во духот на Презвитеријанството. Таа дипломира во областа на Драмата на Колеџот “Васар” во 1971 (каде што кратко време добива инструкции од глумицата Жан Артур), но исто така се запишува на колеџот “Дартмут” преку програма за размена на студенти, за едно тримесечје. Подоцна, таа од страна на училиштето за драма во Јел, се здобива со титулата Магистер по музички уметности. За време на нејзиното школкување во Јел таа игра разновидни улоги на сцената од глемурозната “Хелена” и “Сон на летната ноќ”, до осумдесет годишна старица во количка за инвалиди во комедија напишана од тогаш непознатите драматурзи Кристофер Дуранг и Алберто Инатурато. Тогашниот декан Роберт Бруштајн речe: “ таа е предодредена да биде славна”

Кариера Рана Кариера Откако дипломира за училиштето за драма во Јел, Стрип настапува во неколку театарски постановки во Њујорк, вклучувајќи го Фестивалот на Шекспир во Њујорк, со што таа земе учество во “Хенри петти”, “Скротената Горопадница” со Раул Јулија и во „Око за Око, Заб за Заб“ заедно со Сам Ватерстон и Џон Казал, кој стана нејзин вереник. Таа учествуваше на Бродвеј во мјузиклот „Среќен Крај“ и освои награда за најзиното пеење во ”Алиса во Палатата”- награда која не е од Бродвеј. thumb|230px|right|Мерил Стрип Стрип започна со аудиции за филмски улоги , меѓутоа не беше одбрана на аудицијата за главна улога во филмот “Кинг Конг” на режисерот Дино Де Лаурентис. Тој искоментира на неговиот син на италијански, “Таа е одвратна. Зошто ми ја доведе?” и се шокира кога Стрип му одговори на течен Италијански. Стрип за првпат се појави во филмот “Јулија” (1977) каде што таа играше мала, но главна улога за време на ретроспективната сцена. Стрип живееше во Њујорк со нејзиниот вереник, Казал, на кој му беше дијагностицирано рак на коските. Нему му беше доделена мала улога во „Ловец на Елени“ (1978) и Стрип беше среќна затоа што беше со него за време на снимањето. Таа не беше посебно заинтересирана за улогата за која искоментира “Ним им Беше потребна девојка помеѓу две момчиња и јас бев тоа”.

Таа играше главна улога во телевизиските мини-серии „Холокауст”“ (1978) како жена омажена со Еврејски уметник во Нази Ера, Германија. Подоцна таа изјави дека ја прифатила улогата само затоа што и требаат пари, а материјалот го смета за “премногу аристократски”. Стрип заминува во Германија и Австрија на снимање додека нејзиниот вереник Казал, останува во Њујорк. По нејзиното враќање Стрип сфаќа дека неговата болест веќе е во напредна фаза, и таа го негува сè до неговата смрт 12 март 1978. Таа зборуваше за нејзината тага, и за нејзината надеж дека работата ќе и го одвлече вниманието од тажните мисли. Ја прифати улогата во “Заведувањето на Џо Тјунан” (1979) со Алан Алда, и ја играше улогата на Кетрин во “Времето на опаката жена”, со проценета публика од 109 милиони луѓе. По снимањето на „Холокауст“ Стрип веќе беше јавно препознавана. Таа ја освои Еми наградата за извонредна главна улога- во минисерија или филм.

„Ловец на Елени“ беше пуштен еден месец подоцна, и со нејзиниот настап Стрип беше номинирана за Академска Награда за најдобра споредна улога.

Стрип играше споредна улога во “Менхетен” (1979) на Вуди Ален, изјавувајќи подоцна дека го нема видено целото сценарио, бидејќи и биле дадени само шест страни од нејзините сцени , и дека не и било дозволено да импровизира ниту збор во нејзиниот дијалог. На прашањето да даде мислење за сценариото за "Крамер против Крамер”(1979) на една средба со продуцентот Стан Џафи, директорот Роберт Бентон и ѕвездата Дастин Хофман, Стрип ијави дека оваа женска улога не е карактеристична за многу жени кои се соочени со прекин на бракот и со битка за добивање старателство над децата, потенцирајќи го лошото сценарио. Џефи, Бентон, и Хофман се согласија со мислењето на Стрип по што сценариото било изменето. Во подготовките за нејзината улога, Стрип разговара со мајка и за улогата на мајка и жена со кариера и го посетува Апер Ист Сајд каде што беше снимен филмот. Бентон и дозволи на Стрип да го напише својот дијалог за две од нејзините клучни сцени, и покрај спротивставувањето на Хофман. Подоцна Џефи и Хофман разговараа за неуморливата Стрип. Коментарот на Хофман беше : “ Таа е одличен работник ” Јас мислам дека таа е целосно посветена на работата”.

Стрип доби пофални критики за улогата во сите три филма кои беа прикажани во 1979: романтичната комедија "Менхетен" , политичката драма “Заведувањето на Џо Тјунан” и семејната драма “Крамер против Крамер”. Таа за својата работа во трите филма освои награда за најдобра споредна улога од страна на: Здружението на Филмски критичари од Лос Анџелес, Комисијата за критички осврт и Здружението на филмски критичари. Помеѓу освоените награди за “Крамер против Крамер” беа и Академската награда и Златниот глобус за најдобра споредна улога.

1980-тите thumb|upright|Стрип на доделувањето на академските награди, 1989 По значајните споредни улоги во два од најуспешните филмови во 1970-те, кои последователно освоиле „Оскар“ за најдобар филм - „Ловец на елени” и „Крамер против Крамер“, Стрип почнала да добива главни улоги. Нејзина прва главна улога била во филмот „Жената на францускиот поручник“ (1981). Филмот е драма во која Стрип игра заедно со Џереми Ајронс, кои како современи глумци ја пренесуваат приказната исто како да глумат во драма од Викторијанската ера. Во една статија на Њујорк Магазин се вели дека Стрип е „камелеон“ кој со голема волја ги глуми сите улоги, за разлика од многу глумици од минатото кои биле способни само за одреден вид на улоги. На Стрип и беше доделена награда за најдобра главна улога од страна на Британската академија за филмска уметност.

Со нејзиниот следен филм, психолошкиот трилер „Тишината на ноќта“ (1982) таа ја продолжила соработката со Роберт Бентон, режисерот на „Крамер против Крамер“ играјќи ја главната улога, заедно со Рој Шејдер и Џесика Танди. Винсент Кенби во „Њујорк Тајмс“ напишал дека со овој филм му се оддава почит на Алфред Хичкок, но дека еден од недостатоците на филмот е недостатокот на хемија помеѓу Мерил и Рој, заклучувајќи дека Стрип е извонредна глумица, но ја нема доволно на екранот.

Како преживеана од полскиот Холокауст во „Изборот на Софи“ емоционалната глума и нејзиното мајсторство за полскиот акцент добија пофалби. Вилијам Стирон го напишал сценариото носен со идеја дека главниот женски лик треба да го толкува Урсула Андерс, но Стрип беше одлучна да ја добие таа улога. Откако таа добила нелегална копија од сценариото, отишла кај Алан Пакула и го замолила да ѝ ја додели таа улога нејзе. Стрип ја снима сцената „избор“ само еднаш и одбива да ја снима пак, затоа што сцената е премногу емотивна .Меѓу неколкуте значајни награди за глума, Стрип ја освои Наградата на Академијата за најдобра глумица. Роџер Иберт за нејзината глума изјави: „Стрип ги глуми Бруклинските сцени со воодушевувачки полско-американски акцент”(таа го има акцентот до кој секогаш сакам да се држам) и ги одигрува ретроспективите со превод на Германски и Полски. Не постои емоција која Стрип не може да ја одглуми во овој филм и ние не бевме сме свесни за нејзиниот напор. Ова е една од најневеројатните и најприродните претстави што постојат“.

Нејзиниот успех ја следеше и во филмот “Силквуд” (1983) во кој таа играше улога од вистинскиот живот, глумејќи ја Карен Силквуд, која е дел од здружението на активистите. Во интервју со Роберт Иберт, таа дискутираше за подготовките за филмот велејќи дека ги запознала луѓето кои и биле блиски на Силквуд за да научи повеќе за неа, и со тоа сфати дека секоја личност на различен начин ја опишува Силквуд. Стрип главно се концентрира на настаните од животот на Силквуд и заклучи : “Јас не се обидувам да се претворам во Карен, јас само се обидувам да погледнам во тоа што таа го направи. Ги споив сите информации што можев да ги најдам во врска со неа... На крај погледнав во случувањата во нејзиниот живот и се обидов да ја разберам и одвнатре”. Нејзините следни филмови беа романтичната драма “Заљубена”(1984) со Роберт де Ниро и Британската драма “Изобилство”(1985). За глумата на Стрип во филмот “Изобилие” Роберт Иберт вели: “тешко е да се глуми неурамнотежена, невротична, самоуништувачка жена и тоа со таква благост и шарм. Стрип го создава целиот лик на жена која едноставно е каталог од симптоми”.

Во “Надвор од Африка”(1985) играше како Данската писателка Карен Бликсен заедно со Роберт Редфорд. Филмот доби 63 % од гласовите на Ротен Томејтос што претставува значаен критички успех. Стрип глуми заедно со Џек Николсон во нејзиниот следен филм “Горушица”(1987) во 1977. Во “Плач во ноќта” (1988) таа глумеше биографска улога на Линди Чамберлејн, австралијанка која е обвинета за убиство на нејзината ќерка, на што таа тврди дека нејзиното бебе било грабнато од Динго (куче). За нејзините глумечки активности во Австралија, таа ги освои: Австралијанската филмска награда од Институтот за најдобра глумица во главна улога, Награда за најдобра глумица на Канскиот фестивал, и од страна на Кругот на филмски критичари од Њујорк, награда за најдобра женска улога и беше номинирана за неколку други награди за ликот на Чемберлејн.

Во ”Вештерка”(1989), Стрип ја играше нејзината прва комична улога, наспроти Росан Бар. Ричард Корлис, кој пишува за “Тајм” искоментира дека Стрип е единствената причина за да се гледа овој филм и забележа дека таа го напушти типот на улога по кој беше позната.

90-тите