Ривалдо Виктор Борба Фереира (роден , познат како Ривалдо) — поранешен бразилски фудбалер и претседател на фудбалскиот клуб Можи-Мирин од Бразил. Тој играл на позицијата играч за врска со напаѓачки задачи, а понекогаш и како втор напаѓач.

Тој поминал пет години во шпанскиот клуб Барселона, каде што оформил успешно партнерство со Патрик Клојверт и ја освоил шпанската лига во 1998 и 1999 како и кралскиот куп во 1998 година. Од 1993 до 2003 година, Ривалдо одигра 74 натпревари за репрезентацијата на Бразил и постигна 35 гола."Goalscoring for Brazil National Team". RSSSF. Retrieved 17 May 2014 Тој му помогна на Бразил да стигне до финалето на Светското првенство во Франција во 1998 година, и да победи на Копа Америка во 1999 година, каде што беше именуван за најдобар играч на турнирот. Ривалдо беше делот од тимот заедно со Роналдо и Роналдињо на ФИФА Светското Првенство 2002 година во победничкиот тим. Тој беше именуван во Ол-Стар тимот на Светското првенство во 1998 година и 2002 година.

Тој е еден од повеќето вешти и креативни играчи од неговата генерација, Ривалдо беше познат по неговиот удар популарно наречен сув лист, по директниот слободен удар, техниката, шут од далечина, како и способност за постигнување гол и создавање гол шанса. Во 1999 година, тој ја освои наградата Ballon d'Or и беше именуван за играч на годината на ФИФА. Во 2004 година, тој беше именуван од страна на Пеле во ФИФА 100 списокот на најголеми живи фудбалери во светот. Тој е дел од Бразилскиот Музејот на Фудбалот - Дом на славните. Во март 2014 година, Ривалдо го најави своето повлекување од професионалниот фудбал,"Barcelona, AC Milan and Brazil legend Rivaldo retires aged 41". BBC. Retrieved 17 March 2014 но во јуни 2015 година, тој имаше настап за Можи-Мирин. ."Rivaldo interrupts retirement to help Mogi Mirim in Série B". Globo Esporte. Retrieved 22 June 2015 На 14 август 2015 година, тој најави дека враќањето е готово и дека тој повторно се повлекува; ова се должи на постојаните повреди."Barca Legend Rivaldo Retiring For Good" . Today's Corner Kick. Retrieved 16 September 2016 Во 2015 година, тој дејствувал во иранскиот кино филм Не сум Салвадор . Надворешни врски Профил на transfermarkt.co.uk Профил на Scoresway scoresway.com

Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на Светско првенство 1998 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2002 Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК АЕК Атина Категорија:Бразилски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Крузеиро Категорија:Фудбалери на ФК Депортиво Ла Коруња Категорија:Фудбалери на ФК Барселона Категорија:Фудбалери на ФК Бунјодкор Категорија:Фудбалери на ФК Олимпијакос Категорија:Фудбалери на ФК Санта Крус Категорија:Фудбалери на ФК Палмеирас Категорија:Фудбалери на ФК Коринтијанс Категорија:Фудбалери на ФК Саун Пауло Категорија:Фудбалери на ФК Кабускорп Категорија:Фудбалери на ФК Сао Каетано Категорија:Фудбалери на ФК Можи Мирим Категорија:ФИФА 100