Мирослава „Мирка‟ Федерер (родена како Мирослава Вавринец на година во Бојнице, Чехословачка, денешна Словачка) е поранешна тенисерка на ВТА (женска тениска организација) од Швајцарија која се повлекла од тенисот во 2002 година поради постојана повреда на стапалото. Таа е сопругата на Роџер Федерер со кого првпат се запознале во 2000 година на Олимписките игри во Сиднеј. По нејзиното повлекување, Мирка најчесто може да се види на натпреварите од АТП серијата, следејќи ги мечевите на Роџер.
Животопис Младост и тениска кариера
Мирослава, родена во Бојнице (Словачка), се преселила во Швајцарија кога имала само две години. Нејзините родители моментно се сопственици на продавници за накит и живеат во Шафхаузен. Во 1987 година, татко ѝ ја однел да гледа натпревар во Филдерстад, Германија. Мирка се запознала со Мартина Навратилова според која Мирка била атлетски градена и би можела да проба да игра тенис. Подоцна, Навратилова ѝ испратила рекет и ѝ го закажала првиот тренинг."Roger Federer: A smashing guy" , Brian Viner, The Independent, 2 July 2005 Во 2002 година играла заедно со Роџер Федерер на Хопман купот.
Пред повлекувањето била рангирана на 76-тото место. По повлекувањето од тенисот, таа е менаџер за односи со јавноста на Федерер и патува со него по тениските турнири.
Приватен живот Мирка се омажила со Роџер Федерер на 11 април 2009 година. На 24 јули, Роџер објавил на неговата Фејсбук страница дека Мирка родила близначки: Мајла Роуз и Шарлен Рива. Бебињата се родени на 23 јули 2009 година во Швајцарија. Првите фотографии од близначките на интернет беа поставени на неговата Фејсбук страница на 7 август 2009 година.
Наводи
Категорија:Живи луѓе