Јордан Тренков — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Бугарското тајно револуционерно братство и Македонската револуционерна организација. Животопис Роден е 1880 година во градот Прилеп, тогаш во Отоманското Царство. Во 1898 година завршува Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ и во периодот меѓу 1899-1903 година учителствал во родниот град. Влегол во Бугарското тајно револуционерно братство, а по неговот растурање станал член на Македонската револуционерна организација и предводел еден од двата табора помеѓу прилепското дејци на организацијата, другиот бил предводен од Петар Ацев Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр. 70-71..

Во 1903 година бил делегат на Смилевскиот конгрес, и бил определен за член на прилепското горско началство Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр. 239.Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр. 320.. Во јуни 1903 година е уапсен од властите, но успеал да избега од затворот и да учествува во Илинденското востание. По задушување на востанието е меѓу ретките раководни дејци, кои останале во Македонија Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр. 15. и е илегален началник на околискиот комитет на Организацијата во Прилеп до крајот на 1904 година. Бил делегат на Прилепскиот конгрес во мај-јуни 1904 година, кој му ја доделува задача да води борбата со Српското четничко движење во Азот. На конгресот го поддржува децентрализаторското реформистички крило на Пере Тошев и Ѓорче Петров, додека Петар Ацев го поддржува централистичкото околу Даме Груев Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр. 65, 69, 71..

Во 1905 - 1906 година е секретар во четата на поручникот Љубомир Стоенчев во Петричко Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 171.. При избувнување на Првата балканска војна во 1912 година Тренков е доброволец во Македонско-одринското ополчение и служи во 4 чета на 6 Охридска дружина „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 149..

Наводи

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Дејци на Бугарско тајно револуционерно братство Категорија:Апсолвенти на Загрепскиот универзитет Категорија:Македонски преселници во Русе Категорија:Тринаесетта генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија