Бундес Лигата е професионална фудбалска лига во Германија. На врвот на фудбалскиот лига - систем во Германија, ова е највисоко рангираното фудбалско натпреварување. Во оваа лига се натпреваруваат 18 тима и работи според системот на промовирање и испаѓање со втората Бундес Лига. Вкупно 54 тимови се натпреварувале во Бундес Лигата од нејзиното формирање до денес. Уште од 70-те години на 20-от век, Баерн Минхен доминира во првенството, освојувајќи 26 титули. И покрај тоа, Бундес Лигата била сведок и на други клубови кои го кренале шампионскиот трофеј, како што се Хамбургер, Борусија Дортмунд, Вердер Бремен, Борусија Менхенгладбах и Штутгарт кои биле едни од најистакнатите. Бундес Лигата е една од најдобрите национални лиги, според УЕФА коефициентот во сезоната 2016-2017 таа вила тангирана на второто место воЕвропа според неодамнешните европски постигнувања.. Бундеслигата е број еден фудбалска лига во светот во однос на просечната посетеност; од сите спортови, нејзиниот просек од 45.134 навивачи по натпревар за време на сезоната 2011-12 бил втор по бројност од секоја спортска лига во светот по Националната фудбалска лига. Бундеслигата се емитува на телевизија во повеќе од 200 земји.

За разлика од другите држави, несвојствено за Германија било тоа што темелите на структурата на националната лига биле прилично доцна воспоставени. Бундес Лигата била формирана дури во 1963 година и структурата и организацијата на националните фудбалски лиги биле подложни на чести промени кои се манифестираат дури до денес. Лигата за првпат биле формирана од страна на Германската Фудбалска Асоцијација, но сега е управувана од страна на Германската Фудбалска Лига (Англиски: German Football League).

Преглед

Бундес лигата била составена од две дивизии: Прва Бундес Лига (и покрај тоа што ретко се нарекува со претставката Прва) и, под неа, Втората Бундес Лига која е по редослед на второ место уште од 1974 година. Бундес Лигите (во множина) се професионални лиги. Од 2008 година, Третата Лига во Германија исто така е професионална лига, но не се нарекува Бундес Лига, поради тоа што со Лигата раководи Германската Фудбалска Асоцијација, а не како во случајот со Втората Бундес Лига која што е водена од Германската Фудбалска Лига. Под Третата Лига, лигите најчесто се делат на регионална основа. На пример, Регионалната Лига е составена од Северна, Јужна и Западна дивизија, а Премиер Лигата (горни лиги) е составена од девет дивизии претставувајќи ги федералните држави или големи урбани или географски подрачја. Лигите кои по ранг се подолу од Премиер Лигата се разликуваат една од друга во зависност од локалното подрачје во кое се наоѓаат. Структурата на лигата често се менувала и најчесто се одразувала на степенот на учество во спортот во различни делови од државата. Во раните деведесетти, промени биле направени поради обединување на Германија и интеграциите што следуваа од националните лиги од Источна и Западна Германија. Секој тим во двете Бундес Лиги мора да има лиценца за да играат во лигата, или ќе бидат пренесени (паднати) во регионалните лиги. За да се добие лиценца, тимовите мораат да финансиски стабилни и да исполнуваат одредени стандарди на однесување како организатори. Како и во други национални првенства, така, и тука постојат одредени придобивки кога се учествува во највисоката по ранг дивизија: - поголемиот дел од поделба на средствата од телевизиските права оди во Првата Бундес Лига; - тимовите од Првата Бундес Лига привлекуваат поголем број на навивачи. Просечна посетеност на натпреварите од првата лига се движи околу 38.000 гледачи по натпревар, двојно повеќе од посетеноста во Втората Бундес Лига; - поголемата изложеност на телевизија и поголемата посетеност придонесуваат Првата Бундес Лига да ги привлече најпрофитабилните спонзори; - Првата Бундес Лига развила значителна финансиска моќ преку комбинирањето на телевизиските приходи и приходите од навивачите, спонзорствата, и рекламирање на брендовите на другите тимови. Ова им овозможува да привлечат и задржат квалификувани фудбалери од дома или од странство и да изградат стадиони со највисоки стандарди. Првата Бундес Лига е финансиски силна, и Втората Бундес Лига почнала да се развива во слична насока, станувајќи повеќе стабилна организационо и финансиски, и одразувајќи сè поголеми стандарди на професионална игра. Интернационално, најпознатите германски клубови се Баерн Минхен, Хамбургер, Борусија Дортмунд, Вердер Бремен, Шалке 04, Баер Леверкузен и Штутгарт. Хамбургер е единствениот клуб кој непрекинато играл во Бундес Лига од нејзино формирање. Во сезоната 2008-2009, Бундес Лига го врати претходниот германски систем за промовирање и испаѓање: - тимовите кои ќе завршат на последните две места во Бундес Лигата автоматски испаѓаат во Втората Бундес Лига, каде што тимовите кои завршиле на првите две места во Втората Бундес Лига ги заземаат нивните места; - тимот пласиран на шеснаесеттото место во Бундес Лига ќе треба да игра плејаут - бараж, два натпревара со тимот кој завршил на третото место во Втората Бундес Лига, каде што победникот го пополнува последното место за следната сезона во Бундес Лигата. Неколку години, се употребуваше поинаков систем во кој трите екипи кои ќе завршат на последните три места автоматски испаѓаа во втората лига, за да бидат заменети со највисоко пласираните три екипи од Втората Бундес Лига. (Пред сезоната 1974-1975 доаѓаше замена на четири наместо шест). Сезоната почнува на почетокот на август и трае до крајот на мај, со зимска пауза од шест недели (средина на декември до крајот на јануари). Во поново време, натпреварите се играат во сабота (седум средби што започнуваат во 3:30 часот попладне) и во недела (две средби што започнуваат во 5:00 попладно). Нов телевизиски договор во 2006 година ја претстави замислата за пренос на натпревар во петок (со почеток во 8:30 навечер) на местото на еден натпревар од сабота.

Историја

Потекло

Пред формирањето на Бундес Лига, германскиот фудбал се играл на аматерско ниво во голем број на суб-регионални лиги, сè до 1949 година, кога привремено полупрофесионализмот бил воведен и останале само пет регионални Премиер Лиги. Регионалните шампиони и тие со освоено второ место играле серија меѓусебни натпревари за правото да се натпреваруваа во финалниот натпревар за државното првенство. На 28 јануари 1900 година, националната асоцијација, Германска Фудбалска Федерација беше формирана во Лајпциг со зачленети 86 екипи. Првиот признат национално шампион бил СФК Лајпциг, кој ја поразил ГФК Прага со 7-2, натпревар одигран на 31 мај 1903 година во Алтона. Во текот на 50-те години од 20-от век, постојано се повикувало за формирање на централна професионална лига, посебно поради фактот што професионалните првенства во другите држави почнале да ги собираат најдобрите германски играчи од домашните полупрофесионални првенства. На меѓународно ниво германската игра влегла во криза како што германските тимови лошо поминувале против професионалните тимови од другите држави. Клучниот поддржувач на концептот за централна лига бил главниот тренер на репрезентацијата Сеп Хербергер кој изјавил: “Ако сакаме да останеме конкурентски настроени меѓународно, мораме да ги зголемиме нашите очекувања на национално ниво”. Во меѓувреме, во Источна Германија, била основана посебна лига заедно со формирањето на Германската Спортска Премиер Лига во 1951 година. Лигата во 1958 година билапреименувана во Фудбалска Премиер Лига и гласела едноставно како ДДР - Лига или како ДДР - Премиер Лига. Лигата се состоела од 14 тима со две места за испаѓање.

Формирање

Поразот од репрезентацијата на Југославија со 0-1 во четврт финалето на Светското Првенство во Чиле во 1962 година, било поттик за формирање на национална лига. Под новоформираната Фудбалска Федерација на Германија, Претседателот Херман Госман кој бил избран тој ден, Бундес Лигата била основана на 28 јули 1962 година во Дортмунд, и првата нејзина сезона се одржала во сезоната 1963-1964. Во тоа време, постоеле пет Премиер Лиги, кои ја претставувале Западна Германија и тоа нејзината северна, јужна, западна, југозападна страна и Берлин. Источна Германија, позади Железната Завеса, остана со своја посебна лига. 46 екипи се пријавиле за учество во новата лига. 16 тима беа одбрани во однос на нивниот успех на теренот, економските можности и застапеноста на различни тимови од секоја Премиер Лига. - од Северната Премиер Лига: Ајнтахт Франкфурт, Вердер Бремен, СК Хамбургер; - од Западната Премиер Лига: Борусија Дортмунд, Келн, СК Меидерихер (сегашен СФК - Дисбург), Пројсен Мунстер, Шалке 04; - од Југозападна Премиер Лига: Кајзерслаутерн, ФК Сарбрукен; - од Јужна Премиер Лига: Ајнтрахт Франкфурт, Карлсруе, ФК Нирнберг, СФК 1860 Минхен, Штутгарт; - од Берлин Премиер Лигата: Херта Берлин. Првите натпревари во Бундес Лигата се одиграа на 24 август 1963 година. Фаворитот Келн стана и првиот шампоин во Бундес Лигата, а на второто и третото место завршија СК Меидерихер, односно Ајнтрахт Франкфурт.

Систем на квалификации

Системот на квалификации за новата лига бил прилично сложен. Подредувањето на клубовите кои играле во Премиер Лигата во последните десет сезони се земениле предвид, каде што резултатите од 1952 до 1955 година еднаш се сметани, резултатите од 1955 до 1959 година двојно се сметани и резултатите од 1959 до 1963 година тројно. За првото место биле доделени 16 бода, а за шестнаесеттото место еден бод. Учествувањето во финалето во германското првенство или германскиот Фудбалски Куп исто така било наградувано со бодови. Петте премиерлигашки шампиони од сезоната 1962-1963 им беше овозможен директен влез во Бундес лигата. Сè на сè, 46 екипи поднеле барање за 16. слободни места во Бундес Лигата. Според системот, до 11 јануари 1963 година, ФФГ ги објавиле деветте клуба кои се натпреварувале во новата лига и ги намалиле критериумите за учество на клубовите кои ги исполнувале условите во лигата за останатите седум места. Клубовите во Премиер Лигата кои биле одделени со помалку од 50 бода се сметале за еднакви и групирањето на екипите во сезоната 1962-1963 се користеле за да се утврдат тимовите кои се квалификувале.

СТРУКТУРА И НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Германскиот фудбалски шампион се одлучува со натпреварување во Бундес Лигата. Секој клуб игра против останатите клубови, еднаш на свој терен, а еднаш на гости. Првично, победата носела два бода, нерешениот резултат носел еден бод, а поразот не носел бодови. Уште од сезоната 1995-1996, победата носела три бода, без промени во вредноста на нерешениот исход или поразот. Клубот со најмногу освоени бодови на крајот на сезоната ќе станат германски шампиони. Моментално, најдобрите два клуба на табелата изборуваат директно место во групната фаза во Лигата на Шампионите, додека третопласираниот тим игра квалификациски натпревари за влез во Лигата на Шампионите. Двата тима што се на дното на табелата испаѓаат во Втората Бундес Лига, додека првите два тима од Втората Бундес Лига ги заземаат нивните места. Тимот што ја завршил сезоната на шеснаесеттото место и тимот кој завршил на третото место во Втората Бундес Лига играат две меѓусебни средби. Победникот на натпреварите следната сезона ќе игра во Бундес Лига, а поразениот во Втората Бундес Лига. Ако екипите имаат ист број на бодови, одлучувачки фактор ќе биде: 1. Гол - разликата во текот на целата сезона; 2. Вкупниот број на погодоци постигнати во целата сезона; 3. Резултати постигнати на натпреварите играни помеѓу овие два тима; 4. Вкупниот број на постигнати погодоци на меѓусебните средби; 5. Постигнатите голови на гостински терен на меѓусебните средби; 6. Вкупниот број на постигнати погодоци на гостински терен за целата сезона. Ако после овие фактори клубовите повторно имаа исти резултати, се одржува еден натпревар на неутрален стадион за да го одлучи победникот. Меѓутоа, ова никогаш не се случило во историјата на Бундес Лигата.