мини|Фотографија од заменик-директорот на ФБИ, Марк Фелт Длабоко Грло — псевдоним на тајниот информатор кој му обезбедувал информации на Боб Вудвард од Вашингтон пост во 1972 година, во врска со вклучувањето на управата на Претседателот на Соединетите Американски Држави, Ричард Никсон, во Вотергејтската афера. Триесет и една година по оставката на Никсон, се открило дека Длабоко Грло бил заменик директорот на Федералното истражно биро, Марк Фелт.
Идентитет
Длабоко Грло првпат ѝ било претставено на јавноста во 1974 година во книгата „Сите луѓе на Претседателот“, напишана од страна на новинарите на Вашингтон пост, Боб Вудвард и Карл Бернштајн, која две години подоцна била преработена во филм кој добил оскар.
Според авторите, Длабоко Грло бил клучен извор на информации зад серија членови во врска со скандалот којшто ја имал главната улога во прикажувањето на лошите дела на управата на Никсон на јавноста. На крајот, скандалот довел до оставка на претседателот Никсон, како и затворски казни за шефот на персоналот на Белата куќа, Хари Халдеман, Џорџ Гордон Лиди, Егил Крох, советниците на Белата куќа, Чарлс Колсон и Џон Дин и претседателскиот советник Џон Ерлихман.
Хоуард Симонс, главен уредник на Пост за време на Вотергејтската афера, го нарекол тајниот информатор „Длабоко Грло“, како навестување за познатиот филм кој бил главна тема на дискусии во тоа време. Исто така, името било и игра на новинарскиот израз „таинствена позадина“, кое се однесува на информациите обезбедени од страна на тајниот извор, кои по договор, не биле директно кажувани.
Повеќе од 30 години, идентитетот на „Длабоко Грло“ бил една од најголемите тајни на американската политика и новинарство и извор на јавната љубопитност и претпоставки. Вудвард и Бернштајн инсистирале дека нема да го откријат неговиот идентитет или да се согласат да биде откриен додека тој не почине.
На 31 мај 2005 година, списанието Венити фер открило дека Вилијам Марк Фелт бил „Длабоко Грло“, со тоа што објавил статија (која конечно се појавила во јулското издание) на своето мрежно место од страна на Џон Д. О’Конор, адвокат, кој го застапувал Фелт, во која статија Фелт изјавил: „Јас сум човекот кој го викаат „Длабоко Грло“. По објавувањето на статијата во Венити фер, Вудвард, Бернштајн и Бенџамин Ц. Бредли, главен и одговорен уредник на Пост во периодот на Вотергејтската афера, ја потврдиле изјавата на Фелт дека е „Длабоко Грло“. Патрик Греј, поранешен директор на ФБИ и шеф на Фелт, го негирал тврдењето на Фелт дека единствениот извор е во книгата на Греј, „На мрежното место на Никсон“, напишана заедно со неговиот син, Ед Греј. Наместо тоа, Греј и другите продолжиле да велат дека „Длабоко Грло“ се собрани извори здружени во една личност со цел да се зголеми продажбата на книгата и филмот.
Улога во Вотергејтската афера
На 17 јуни 1972 година во 2:31 часот наутро, месно време, пет луѓе биле уапсени од страна на полицијата на шестиот кат во зградата на хотелот Вотергејт во Вашингтон, во канцелариите на Демократскиот национален комитет. Полицијата пристигнала откако била известена од страна на Френк Вилс, службеник од обезбедување, кој забележал дека вратата што водела до хотелот била оставена отворена.
Ситуацијата била необична, бидејќи петте крадци имале 2.300 долари на сметки (еквивалентни на $ денес), украдени брави, воки–токи, радио – апарат за прислушување на телефонските повици на полицијата, две камери, пиштоли, солзавци и електронски уреди за снимање на сите разговори што може да се одржат во канцелариите.
Најмалку еден од луѓето бил поранешен работник во Централната разузнавачка агенција. Овој човек, Џим МекКорд, во периодот кога бил уапсен бил службеник од обезбедувањето на Комитетот за повторно избирање на претседателот Никсон (познат помеѓу политичките противници на Никсон и по својот акроним „КРЕЕП“). Кај двајца од луѓето биле најдени бележници, во коишто го имало телефонскиот број на Е. Хоуард Хант, чие име во бележниците било придружено со написите „Куќата W“ и „W.H.“.
Скандалот веднаш привлекол некои медиуми. Се развлекол и периодот на пребарување и следење на трагите, а конечно се проширил и Сенатот на Соединетите Американски Држави и Судскиот Систем, за да испитаат колку извршната власт на владата е замешана во скандалот Вотергејт.
Двајца млади новинари на Вашингтон пост, Боб Вудвард и Карл Бернштајн, ја пишувале содржината на приказната повеќе од две години. На крајот, се покажало дека во скандалот имало различни законски нарушувања и дека биле замешани многу членови од Белата куќа на Никсон. Поради големиот притисок од судовите и Сенатот, на крајот, Никсон станал првиот претседател на САД кој дал оставка, притоа избегнувајќи го јавното обвинение од страна на Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави.
Приказните на Вудвард и Бернштајн содржеле информации кои биле значително слични со информациите откриени од страна на истражувачите на ФБИ. Ова претставувало новинарска предност која не ја уживал никој од новинарите во тој период. Во нивната подоцнежна книга, „Сите луѓе на Претседателот“, Вудвард и Бернштајн ја потврдиле оваа информација, која доаѓала од единствениот анонимен информатор наречен „Длабоко Грло“. Подоцна било откриено и потврдено од страна на Вудвард и Бернштајн дека „Длабоко Грло“ бил заменик директорот на ФБИ, Марк Фелт.
Неколку години пред тоа, Вудвард се спријателил со Фелт и се советувал со него за статии пред Вотергејтската афера. Вудвард, Бернштајн и некои други ги довериле информациите обезбедени од страна на „Длабоко Грло“ во обезбедување на успехот од истрагата во Вотергејтската афера.
Начини на комуницирање
Вудвард, во „Сите луѓе на Претседателот“, првпат го спомнува „Длабоко Грло“ на 71 страница, а претходно во книгата го спомнува нарекувајќи го „стар пријател и некогашен извор кој работел за федералната влада и не сакал да го бараат во неговата канцеларија“. Подоцна го опишува како „извор во извршната власт кој имал пристап до информации од CRP, како и од Белата куќа“. Во книгата тој е наречен и „неизлечлив озборувач“, „во единствена положба да ја надгледува извршната власт“, и човек „чија борба била исцрпена во многу битки“.
Вудвард тврдел дека му давал знак на „Длабоко Грло“ кога сакал да има средба со него, со поставување саксија со црвено знаме на балконот од неговиот стан. Доколку „Длабоко Грло“ сакал средба, тој ќе ставел посебни знаци на дваесеттата страница од примерокот на Вудвард од Њујорк тајмс, ќе го заокружел бројот на страницата и ќе нацртал часовник за да го означи часот. Тие често се сретнувале во подземна гаража наспроти мостот Кеј Бриџ во Розлин, во 2 часот наутро. Гаражате се наоѓа на булеварот 1401 Вилсон. Во 2014 година, гаражата требало да биде урната, иако округот одлучил да го спаси историскиот маркер, а сопственикот на земјиштето ветил дека ќе дизајнира споменик во чест на скандалот. Зградата денес сè уште не е срушена.
Многу луѓе се сомневале во овие начини на комуникација. Адријан Хавил ги истражувал овие тврдења за биографијата на Вудвард и Бернштајн, која ја пишувал во 1993 година и открил дека се невозможни. Тој забележал дека станот на Вудвард 617 на улицата 1718 П Стрит, во Вашингтон имал поглед кон внатрешен двор и не се гледал од улицата. Хавил рекол дека некој што редовно го проверува балконот, а се велело дека „Длабоко Грло“ го прави тоа секој ден, би бил фатен на лице место. Хавил, исто така, кажал дека примероците од The Times не биле разнесувани во одредени станови, но бил разнесен куп неадресирани примероци на рецепцијата во зградата. Немало шанси да се знае кој примерок е наменет за Вудвард. Меѓутоа, Вудвард изјавил дека во раните 1970-ти години внатрешниот двор бил улица и сè уште не бил преграден и дека неговиот балкон бил видлив за пешаците кои поминувале по улицата. Вудвард претпоставувал и дека тој бил видлив и за сите од ФБИ кои ги надфледувале амбасадите во близина. Откриен бил и фактот дека на примерокот на Вудвард од Њујорк тајмс бил означен бројот на неговиот стан. Поранешниот сосед Херман Книпенберг истакнал дека Вудвард некогаш доаѓал до неговата врата гледајќи во својот обележан примерок од Тајмс и кажувал дека „Сакам да го имам во одлична состојба и да имам свој сопствен примерок“.
Понатаму, додека Вудвард во неговата книга ги нагласувал овие предупредувања, признал и дека му се јавувал на „Длабоко Грло“ на телефонскиот број во неговиот дом.
Дискусии околу мотивите
Во јавните изјави по откривањето на неговиот идентитет, семејството на Фелт го нарекол него „американски херој“, изјавувајќи дека тој давал информации во врска со Вотергејтскиот скандал на Вашингтон пост од морални и патриотски причини. Меѓутоа, други коментатори претпоставувале дека Фелт имал повеќе лични причини за тоа што му давал информации на Вудвард.
Во својата книга „Тајниот човек“, Вудвард го опишува Фелт како приврзаник и обожавател на Џон Едгар Хувер. По смртта на Хувер, Фелт бил налутен и згрозен кога Луис Патрик Греј, искусен морнарски офицер и адвокат од l Дивиизија на Министерството за правда без претходно искуство за спроведување на законот, бил назначен за директор на ФБИ, над Фелт, 30 годишен ветеран на одделот. Фелт бил делумно незадоволен од начинот на управување на Греј со ФБИ, кој бил многу поинаков од тој на Хувер. Фелт ги одбрал Вудвард и Бернштајн, бидејќи знаел дека тие се назначени за истражување на кражбата. Наместо да бара обвинители од Одделот за правда или Судскиот комитет задолжен за истражување претседателско погрешно работење, тој плански им давал информации на Вудвард и Бернштајн да ја водат истрагата, а неговиот идентитет и вклученост ги чувал безбедно сокриени.
Некои заштитници кои работеле за Никсон, како што се Пат Буханан и Џорџ Гордон Лиди,Morgan, Dan (June 1, 2005). "Contemporaries Have Mixed Views", The Washington Post, May 31, 2005. го обвинувале Фелт и го бранеле нивното мислење дека Никсон бил неправедно избркан од неговата функција.
Шпекулации Шпекулации на медиумите и Белата куќа
Иако потврдувањето на идентитетот на „Длабоко Грло“ останало неоткриено над 30 години, имало некои сомнежи дека Фелт бил навистина тајниот извор на новинарите, многу порано пред јавноста да дознае во 2005 година.
Самиот Ричард Никсон мислел дека Фелт можеби е „Длабоко Грло“, но не се обидел да го отпушти. Неговиот принцип за ова бил дека акодоколку постапел така, Фелт јавно би открил информации што ќе му наштетат на ФБИ и на другите моќни луѓе и институции. Во тој период, Никсон изјавил дека „Фелт знае сѐ што се знае во ФБИ“. Причините на Никсон поради кои не го отпуштил Фелт можеби не биле целосно несебични. Постои мало сомневање дека човекот кој бил најмногу повреден, јавно открил сѐ што знае за Фелт, а дека тоа е самиот Никсон.