Борис Василев Мончев, со псевдоним Борил, — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, по војните се занимавал со политика во Бугарија.
Животопис
Ран живот и образование Мончев е роден на 15 август 1881 година во Прилеп, тогаш во Отоманското Царство. Тој бил син е на прилепчанецот Васил Мончев и брат на Георги Мончев. Во 1902 година завршил со 17-та генерација во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а во 1911 година - право во Женева. Во периодот помеѓу 1903 - 1905 година работел како учител во Солунската гимназија и истовремено бил член на Централниот комитет кој се самораспуштил на 13 април 1904 година.Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том I, София, 1933, стр. 275.
Револуционерна дејност Во 1905 година на Солунскиот окружен конгрес бил избран за делегат на Рилскиот конгрес на Организацијата. Мончев земал активно учество во создавањето на Сојузот на бугарски уставни клубови по Хуриетот. Учествувал во уредувањето на списанието "Искра" Енциклопедия „Пирински край“. Том 1, Благоевград, 1995, стр. 388..
За време на Првата светска војна служел во 39 родопски пешадиски полк. Борис Мончев е пратеник во XIX (1920 - 1923) и XXIV (1938 - 1939) бугарско народно собрание.
Починал на 4 октомври 1942 година во Софија Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 110..
Извори
Категорија:Мончеви Категорија:Апсолвенти на Загрепскиот универзитет Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет Категорија:Македонски преселници во Крџали Категорија:Починати во Софија Категорија:Погребани на Централните софиски гробишта Категорија:Седумнаесетта генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија