American Journal of Botany (мак. „Американско ботаничко списание“) е рецензентско научно списание каде се објавуваат истражните трудови на стручњаците од сите области на ботаниката. Списанието го издава Ботаничко друштво на Америка секој месец, започнувајќи од 1914 година.

Електронските изданија се достапни преку архивот на стручни списанија JSTOR со „подвижен ѕид“ од 5 години.

Надворешни врски

American Journal of Botany - Архив , пребарлив индекс на броеви

Категорија:Ботанички списанија Категорија:Месечни списанија