Шенка Колозова (Добрево, Пробиштипско, ) — македонска глумица, најпозната по улогите во телевизиската серија „Македонски народни приказни“, заедно со својот сопруг Ѓорѓи Колозов.

Животопис Колозова е ќерка на Стоица и Катерина Димитрови (подоцна Станојкови). Родена е на 1 февруари 1947 во Добрево, Пробиштипско). Дипломирала на Катедрата за јужнословенска книжевност при Филозофскиот факултет во Скопје. Целиот работен век го поминала како професионална глумица во народните театри во Штип и Куманово, а подоцна и во Македонскиот народен театар од Скопје, каде се пензионирала. Во кариерата одиграла над 100 премиери во трите народни театри, и уште повеќе од 20 премиери со приватниот Театар „Колозов“. Таа има одиграно повеќе од 6 000 претстави во овие три театри, не вклучувајќи ги и гостувањата во велешкиот театар и други театри во Македонија. Најзначајни театарски улоги на Колозова се во претставите „Свирачот на покрив“, „За сите мои синови“, „Електра“ на Еврипид (во улогата на Клитемнестра), „Сè за градината“, „Печалбари“ и други. Покрај глумата, таа е автор на бројни сценарија и драматизации, меѓу кои и Цепенковите народни приказни.Шенка Колозова, Народни приказни: драматизации, Фос, Скопје, 1994.

Таа своите пензионерски денови ги поминува во село Велестово, Охрид.

Театарски претстави Жената — Нажалена фамилија од Бранислав Нушиќ, р. Душан Наумовски, Театар Куманово 1967; Командантот Сајлер од Борислав Михајловиќ, р. Благоја Андреев, Театар Штип 1967; Танго од Славомир Мрожек, р. Георг Трајанов, Театар Штип 1968; Вујко Вања од Антон Павлович Чехов, р. Благоја Андреев, Театар Куманово 1968; Птици без јато од Душко Роксандиќ, р. Александар Ѓорчев, Театар Куманово 1969; Матуранти од Жозе Андре Лакур, р. Драгољиб Димовски, Театар Куманово 1970; Ен Дивер — Сите мои синови од Артур Милер, р. Ацо Алексов, Театар Куманово 1971; Електра од Софокле, р. Димитар Христов, Театар Куманово 1972; Алтернација — Житолуб од Коле Чашуле, р. Владимир Милчин, Македонски народен театар 1981; Пасквелија од Живко Чинго, р. Димитар Станковски, Театар Куманово 1981; Доримена — Граѓанинот благородник од Жан Батист Молиер, р. Димитар Христов, Македонски народен театар 1982; Голде — Свирач на покривот од Џеро Бок, р. Владо Штефанчиќ, Македонски народен театар 1983; Фани — Воена тајна од Душан Јовановиќ, р. Душан Наумовски, Македонски народен театар 1984; Чана — Рамна земја од Ташко Георгиевски, р. Владимир Милчин, Македонски народен театар 1985; Госпава — Мрестење на краповите од Александар Поповиќ, р. Ацо Алексов, Македонски народен театар 1987; Петрија — Чорбаџи Теодос од Васил Иљоски, р. Петре Прличко, Македонски народен театар 1987; Полина — Галеб од Антон Павлович Чехов, р. Бранко Ставрев, Македонски народен театар 1990; Алтернација — Зора на истокот од Гордан Михиќ, р. Ацо Алексов, Македонски народен театар 1991; Селанка — Македонска крвава свадба од Војдан Чернодрински, р. Сашо Миленковски, Македонски народен театар 1995; Злата — Женско царство од Шенка Колозова, р. Душко Ѓорѓиоски, Театар Колозов 1996; Жената — Нема да платиме од Шенка Колозова, р. Драган Велјановски, Театар Колозов 1997; Втора жена — Жени во народно собрание од Аристофан, р. Петрос Панамас, Театае Јордан Хаџи Константинов Џинот Велес 2005; Кметица — Женско царство од Шенка Колозова, р. Владо Дојчиновски, Театар Колозов 2011; Баба — Али Баба и 40-те разбојници од Шенка Колозова, р. Владо Дојчиновски, Театар Колозов 2012; Бабата — Сказна за рибарот и златната рипка од Шенка Колозова, р. Владо Дојчиновски, Театар Колозов 2014; Благуна — Благуна од Владо Малески, Македонски народен театар 2019.

Филмографија Година Филм Улога 1975 Волшебното самарче ТВ-серија 1975 Простодушна љубов ТВ-филм 1979 Наши години ТВ-серија 1982 Илинден ТВ-серија 1982 Време на летала 1982 Едно лето ТВ-серија 1984 Јуначко колено ТВ-серија 1984 Белото циганче ТВ-серија 1984-1985 Македонски народни приказни ТВ-серија 1984-1985 Легенди и преданија ТВ-серија 1985-1986 Крале Марко јунак стана ТВ-серија 1986-1992 Македонски народни приказни ТВ-серија 1987 Случки од животот ТВ-серија Тинка 1987 Македонски балади ТВ-серија Мајката 1987 Чорбаџи Теодос ТВ-филм 1989-1991 Тврдокорни ТВ-серија 1989 Цвеќе на карпата Секретарка 1989-1993 Еурека ТВ-серија Фраугиза 1989-1991 Трст виа Скопје ТВ-серија Мајката на Дино 1990-1991 Опстанок ТВ-серија Трајанка 1991 Елелига пепелига ТВ-серија 1991 Поштар ТВ-филм 1992 Македонски народни приказни ТВ-серија 1992 Последната Македонска елегија ТВ-филм 1993-1997 Македонски народни приказни ТВ-серија 1994 Прекалени ТВ-серија 1995 Во светот на бајките ТВ-серија 1995 Бус за Дус 1996 Батко Гого нема пари ТВ-филм 1996-2001 Во светот на бајките ТВ-серија 1998-2003 Македонски народни приказни ТВ-серија 1999 Каца ТВ-филм Жената 2000-2001 Светот има осум страни ТВ-серија 2002 Наше маало ТВ-серија 2006-2009 Македонски народни приказни ТВ-серија 2007 Досие-К ТВ-филм Тетка Мара 2008 Куќен совет ТВ-серија 2010 Царската е последна ТВ-филм Царицата 2010-2015 Македонски народни приказни ТВ-серија 2014 Женски итроштини ТВ-филм 2014-2017 Македонски стари приказни ТВ-серија 2015-2016 Големото прогонство во Кавкасија ТВ-серија Бабата од селото 2017 Ќе дојдат децата ТВ-филм Велика 2022 Нема да бидеш сама ТВ-филм Билјана 2023-2024 Македонски стари приказни ТВ-серија 2026 Враќање во иднината ТВ-серија

Награди Награда за актерско остварување на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ за улогата на ликот Ен Дивер во претставата „Сите мои синови“ (1971) Награда „Гран при“ (2006) Награда „Св. Јоаким Осоговски“ (2012) Награда „Почесен граѓанин“ на Општина Пробиштип (2017) Награда за животно дело „Васил Иљоски“ на Фестивалот „Денови на комедија“ во Куманово (2020) Награда за животно дело за развој и афирмација на независна театарска сцена за Театар „Колозов“ (2021)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Луѓе од Добрево Категорија:Македонски глумици Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Југословенски глумци Категорија:Југословенски Македонци Категорија:Глумци во Македонскиот народен театар Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје