Селиште — археолошко наоѓалиште во кичевското село Брждани. Претставува населба со топилница и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 1,5 км западно од селото, каде се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, градежен материјал и згура од топена железна руда. Според кажувањето на мештаните, на теренот имало големи камени плочи од гробни конструкции.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Богородичина Краста — тврдина од доцноантичкото време; Водици — средновековна црква и некропола; Селце — доцниантичка населба; Брждани; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;

Наводи

Категорија:Брждани Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на топилница