„Single Ladies (Put a Ring on It)“ е песна од американската пејачка Бијонсе Ноулс. Издадена е преку Columbia Records со „If I Were a Boy“ како дупла А-страна и водечки сингл од нејзиниот трет студиски албум, I Am... Sasha Fierce, на 12 октомври, 2008. Песните биле издадени за да го демонстрираат контрастот меѓу двете спротивставени личности на Ноулс. „Single Ladies“ била инспирирана од тајниот брак на Ноулс и Џеј-Зи во април, 2008.
Компонирана од Кристофер Стјуарт, The-Dream, Кук Харел и Ноулс, „Single Ladies“ е денс-поп и Р&Б песна со денсхал и баунс влијанија, а текстот наведува на брак. „Single Ladies“ добила позитивни критики за нејзиниот привлечен ритам и темата за женско подобрување; некои критичари забележале случajни сличности со синглот на Ноулс од 2007, „Get Me Bodied“. Песната била именувана како најдобар сингл од 2008 од неколку медиуми; Роулинг Стоун ја рангирал песната на првото место на списокот на Најдобри 100 Синглови од 2008. „Single Ladies“ освоил многу награди, вклучувајќи ги Песна на Годината на 52рите Греми Награди.
„Single Ladies“ бил комерцијално добро прифатен сингл во САД и се искачил на првото место на Билборд Хот 100. Добил четвородупла платинеста сертификација од Снимачката Индустриска Асоцијација на Америка (RIAA), со продадени 4.2 милиони дигитални спуштања во САД. Бил успешен и интернационално; „Single Ladies“ се искачил во првите десет песни на табелите за синглови во Австралија, Бразил, Канада, Ирска, Италија, Нов Зеланд, Холандија, Шпанија и Обединетото Кралство. Синглот добил мулти-платинеста сертификација во многу од овие држави. Од ноември, 2009, „Single Ladies“ продал повеќе од 6.1 милиони копии ширум светот.
Видеото за песната, режирано од Џејк Нава, е снимено во црно-бела техника. Добило голем успех, благодарение на кореографијата која била инспирирана од „Мексикански Доручек“, рутина од 1969 направена од Боб Фосе. Танцувачката рутина на „Single Ladies“ предизвикала многу имитации и пародии од мажи и жени ширум светот, вклучувајќи ги Претседателот во САД Барак Обама и поп пејачите Џастин Тимберлејк и Џо Џонас. Според Торонто Стар, музичкото видео ја започнало „првата поголема танцувачка лудост“ на интернет ерата. Видеото освоило неколку награди, вклучувајќи Видео на Годината на МТВ Видео Музичките Награди од 2009. Песната била промовирана од Ноулс неколкупати за време на нејзините настапи во живо и на телевизиски емисии како Шоуто на Елен ДеГенрес, на церемонии за награди и на нејзината светска I Am... Турнеја. „Single Ladies“ била преработена од Кети Пери и многу други и била искористена во многу телевизиски емисии и други медиуми.
Позадина и издавање „Single Ladies (Put a Ring on It)“ била напишана од Бијонсе Ноулс, The-Dream, Кук Харел и Кристофер Стјуарт, а продуцирана од The-Dream и Стјуард. Јајсен Џошуа и Дејв Пенсадо го правеле миксингот на песната со помош на Ренди Урбански и Ендру Вуепер. Сепојавува на вториот диск од I Am... Sasha Fierce бидејќи Ноулс го покажува своето алтер его, Саша Фирс, во песната. The-Dream откриел дека неговата главна инспирација за песната била свршувачката на Ноулс со Џеј-Зи. Нивната свадба, одржана во април, 2008, на почетокот била тајна. „Single Ladies“ била снимена подоцна истиот месец во студио наречено Бум Бум Собата во Бурбанк, Калифорнија. Според Стјуарт, песната била „единствената јавна изјава дека [Ноулс и Џеј-Зи] се венчале...кога отидовме во студиото таа немаше ниту прстен, ниту нешто друго и поради тоа тие сè уште ја криеја [венчавката]. Оттука Дрим го доби концептот“. Зборувајќи за бракот, The-Dream рекол, „Помислив дека е предмет за кој многу жени сакаат да зборувааат, дека ние мажите се плашиме да се врзаме“. Во интервју со Билборд, Ноулс ги објаснила причините поради кои ја снимила песната:
„Јас секогаш прбував да избирам песни и синглови кои се дел од поп културата, дел од работите за кои луѓето се страсни и сакаат да разговараат за нив. 'Single Ladies (Put a Ring on It)' е забрзана песна која е смепна. Но, исто така тоа е нешто што жесните го прават секојдневно.“
Одбрани да бидат двата водечки синглови од I Am... Sasha Fierce, „Single Ladies (Put a Ring on It)“ и „If I Were a Boy“ биле издадени еден по друг за да го демонстрираат концептот на двобојот меѓу двете личности на Ноулс. Ова ја засилило темата на албумот, што се постигнало со ставање на баладите и побрзите песни на различни дискови. Синглот за првпат бил шрикажан на радијата во САД на 8 октомври, 2008; „Single Ladies“ исто така бил прикажан не мејнстрим радијата во Њујорк, Power 105.1. Двата сингла биле испратени до современите ритмички радија на 12 октомври, 2008, и „Single Ladies“ бил исто така испратен до урбаните радија истиот ден. Песната била издадена како дупла A-страна со „If I Were a Boy“ на 7 ноември, 2008 во Австралија, Нов Зеланд, и Германија. Денс ремиксовите на песната биле овозможени во САД на 10 февруари, 2009, и во Европа на 16 февруари, 2009. „Single Ladies“ не бил оригинално издаден како сингл во Обединетото Кралство; сепак, песната станала многу популарна таму и се искачила меѓу првите десен на Бритнаската Табела за Синглови според спуштањата на песната од албумот. На 16 февруари бил издаден ЦД сингл со денс ремиксови за дигитално спуштање.
Композиција
„Single Ladies (Put a Ring on It)“ е забрзана денс-поп и Р&Б песна, поставена во вообичаено време. „Single Ladies“ користи денсхал и баунс влијанија; користи и баунс-засновани удари со раце. Според листот со музика објавен на Musicnotes.com од Alfred Music Publishing, песната е напишана во скалата Е-дур со брз ритам од 96 удари во минута. Вокалите на Ноулс се протегаат од F♯33 до D5. Има базична акордна прогресија од Em–C–Em во стиховите и Em–C–Am–C–Am во рефренот. „Single Ladies“ содржи музички сличности со синглот од 2007 на Ноулс „Get Me Bodied“; Енди Келман од Allmusic ја нарекол „Single Ladies“ еден вид на „враќање“ на таа песна.
Во „Single Ladies“, Ноулс ја нагласува својата поагресивна сензуална страна, нејзиното алтер его „Саша Фирс“. Шесната била споредувана со песните од училишните дворови, и биле наречени идни „позадински вокали“. Рефренот содржи неколку музички идеи. Даниел Брокман од The Phoenix го забележала користењето на „матни заменки“ како заменката „тоа“ која има флагрантна сличност со хитот на Ноулс од 2005 „Check on It“. Придружена со роботски звуци, многу од отворачките линии на песната се во вид на повик и на одговор, и Ноулс и Ноулс покажува значителен износ на став во нејзиниот глас.
Грег Кот од Chicago Tribune почувствувал дека текстот прикажува ситуации по раскинување, забележувајќи ги линиите на музичката идеја: „Ги исплакував моите солзи три долги години / Не можеш да ми се лутиш мене / Ако го сакаш тоа треба да ставиш прстен на него“. Во песната Ноулс ѝ нуди поддршка ма жема која штотују заврпила со лоша врска; Ен Пауерс од Лос Анџелес Тајмс забележала дека темата на песната се однесува на женско подобрување како продолжување на онаа на „Irreplaceable“ (2006). Според Дејли Мејл, Ноулс „ги повикува жените да им раскинат на своите момчиња ако тие не ги запросат“. Триш Крафорд од Торонто Стар го нарекол тонот на песната „силен и за женско подобрување“, додека другите музички критичари го забележале апело на Ноулс до нејзините обожаватели да бидат независни жени.
Критички прием „Single Ladies“ добил позитивни одговори од музичките критичари, кои ја пофалиле привлечната музичка идеја и темата за женско подобрување. Енди Келман од Allmusic забележал дека песната е една од оние кои се одделуваат од I Am... Sasha Fierce и забележал сличности со „Get Me Bodied“. Михеланџело Матос од The A.V. Club напишал дека песната е „прекрасна, со сјајна продукција, добра музичка идеја и битови кои ќе траат со недели.“ Алексис Петридис од The Guardian рекла дека песната е „навистина возбудувачка.“ Ник Левин од Digital Spy напишал дека Ноулс „служи како чесен појас“ и ја пофалил продукцијата на Стјуарт и The-Dream, а посебо за ритамот на песната. Колин Мекгуир од PopMatters ја пофалил „Single Ladies“ како една од најдобрите денс песни на Ноулс. Во прегледот на I Am...Sasha Fierce, Дерил Стердан од Jam! рекол дека песната е вредна за сингл и напишал дека е „тон што всуштност звучи како Бијонсе.“
Леја Гренблат од списанието Entertainment Weekly напишала дека „Single Ladies“ е „висок хибрид од лирско збогување“. Даниел Брокман од The Phoenix го пофалил користењето на зборот „тоа“ и напишал дека техниката „ја сумира поделбата на музичките личности многу повеќе од дуплиот диск [на албумот].“ Нана Екуанамед од The Village Voice ја одбрала песната како една од најдобрите на албумот. Ен Пауерс од Лос Анџелес Тајмс бил импресиониран од продукцијата на песната и го пофалил рефренот на песната. „Повќе од која било женска пејачка, Ноулс ја разбира фанки уметноста на ритмичкото пеење и ова е еден пример,“ додал Пауерс. Спенс Д. од IGN Music ја опишал „Single Ladies“ како „Карибски талент и славење кое ќе ги натера слушачите да ракоплескаат и да ги кршат враттовите.“ За разлика од него, Мариел Консепшон од магазинот Билборд не бил импресиониран од песната нарекувајќи ја „стандардна“. Адам Матера од The Observer коментирал дека „Single Ladies“ и „Diva“, третиот сингл од I Am... Sasha Fierce, може да стане извор за инспирација на транвеститите, додека другите може да ги остави збунети.
Признанија Роулинг Стоун ја нарекол „Single Ladies (Put a Ring On It)“ најдобра песна од 2008 и напишал, „Ритамот, благодарени на The-Dream и Трики Стјуарт, е неодлоив и темпераментен, вокалната идеја е бурна и виртуозна.“ Дополнително магазинот ја рангирал „Single Ladies“ второто место на списокот на најдобри песни од 2000-тите во анкета на читателите од 2009, и критичарите на Роулинг Стоун ја сместиле песната на педесеттото место на списокот на 100 Најдоби Песни на Декадата. „Single Ladies“ била сместена на второто место на списокот на MTV „Најдобрите Песни од 2008“; Џејмс Монтгомери ја нарекол „хиперактивна и супер наоружана на начин за кој мислев дека е невозможен. Песната е епска и секси, па дури и малку тажна.“ „Апсолутно шансите Бијонсе да издаде ваков сингл повторно се нула“ заклучил Монтгомери. Критичарот од Тајм Џош Тирангиел, кој ја нарекол песната „смешно заразна“, ја рангирал како седма најдобра песна од 2008. „Single Ladies“ била сместена на првото место за Песна на Годината од Fuse TV во 2008. Се појавила н шестото место на списокот од критичарите на Eye Weekly за Најдобра Песна од 2008. Марк Едвард Неро од About.com ја рангирал на шестото место за најдобра Р&B песна од 2008. Сара Родман, пишувајќи за The Boston Globe, nја нарекла „Single Ladies“ четвртата „најодолива песна“ на деценијата и изјавила, „Детето на иднината комбинираше трикоа со свршувачки-станувајќи едно секси парче. Видеото направи цел свет фа танцува и да се вее преку Јутуб.“ Песната била најдобра песна од 2000тата деценија на Black Entertainment Television.
„Single Ladies“ добила многу награди и номинации по нејизиното издавање. Добила Песна на Годината, Најдобра Р&Б Песна, и Најдобра Женска Р&Б Вокална Изведба на 52рите Греми Награди. Освоила награда за „Омилена Песна“ на 2009 Kids' Choice Awards, „Песна на Годината“ на 2009 Soul Train Music Awards, и „Најдобра Р&Б Песна“ на 2009 Teen Choice Awards. Песната добила номинации во категориите за „Најдобра Песна“ на 2009 NAACP Фотографски Награди и за „Снимка на Годината“ на 2009 Premios Oye! Наградите. Била номинитана за „Снимка на Годината“ на 2009 Soul Train Музичките Награди, „Награда за Избор на Гледачите“ на 2009 BET Awards, „Најдобра Р&Б/Урбана Денс Песна“ на 2009 Интернационални Денс Музички Награди, и „Светски Најдобар Сингл“на 2010 Светски Музички Награди.
Комерцијален успех thumb|left|220px|Ноулс ја изведува „Single Ladies“ во Берлин како дел од сет-листата за нејзината I Am... Турнеја во 2009 година.