Експресионизам — модернистички правец во уметноста и во книжевноста со средиште во Германија, а својот врв го доживува во годините околу Првата светска војна.

Идеја и појава Експресионизмот тежнее кон изразување на внатрешните напнатости, екстатичности, визионерството. Во ликовната уметност се забележува посебно акцентирање на боите, а како претходник во сликарството се смета Ван Гог.

Во литературата, се одликува со истакнување на лирски и драмски форми со слободен стих, екстатичен тон, хиперболичен израз.

Експресионистите ја отфрлаат идејата за прекрасното во вид на склад, хармонија и остварено единство на надворешното и внатрешното. Затоа експресионистите ќе „запрат“ и кога нешто не е докрај доречено. Во сето ова има нешто што потсетува на романтизмот. Оваа сличност не е случајна: и двата правца се спротивставуваат на реализмот.

Експресионизмот зазема посебно место меѓу уметничките правци затоа што зафаќа релативно најшироко подрачје и остава траги сè до нашето време.

Истакнати македонски експресионисти Никола Мартиновски Петар Мазев Борислав Траиковски Глигор Чемерски Владимир Георгиевски

Наводи

Надворешни врски

За книгата „Експресионизмот во македонското сликарство“ од Љ. Пауновски — Вечер

Категорија:Правци во уметноста