Баројца — археолошко наоѓалиште во кичевското село Србјани. Претставува доцноантичка населба и некропола. Се наоѓа на околу 2 км југоисточно од селото, од десната страна на патот за селата Карбуница и Србјани, во просторот на воените магацини и една приватна нива. При изградбата на магацините биле откриени и уништени повеќе гробови градени од камени плочи во кои имало керамички садови. На површината се забележуваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и множество градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Србјани; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;
Наводи
Категорија:Србјани