Нова Маала — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.

Географија и местоположбa

thumb|десно|ОУ „Атанас Нивичански“ thumb|десно|Католичката црква „Успение на Пресвета Богородица“ thumb|десно|Џамија

Нова Маала се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во подножјето на планината Огражден и припаѓа на Општина Василево. Нејзиниот атар допира со границите на Општина Босилово. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 14 километри.

Надморската височина во селото е 316 метри додека селото зафаќа површина од 17,9 км2. Од нив 557 хектари се обработливо земјиште, 770 хектари се шуми и 335 се пасиштаПанов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.201.

Историја Антички период

Ова населено место е познато по археолошкото наоѓалиште Грамада, што се наоѓа југоисточно од населбата. Претставува населба од доцноантичкото време. Се наоѓа 1 км југоисточно од селото, на простор од 150 х 100 м се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Има и неколку грамади од насобрани камењаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Отоманско Царство

Пред доаѓањето на Османлиите на овие простори, селото се нарекувало АлексиноМанол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969.. Во текот на XIX век, селото било чисто турско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 70 семејства и 150 жители ТурциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 510 жители ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 161..

Источно од селото се наоѓало некогашното село Мангала, иселено многу одамна.

Југославија

Голем дел од муслиманското население ги напуштило своите домови по крајот на Балканските војни, додека на нивно место се населиле бегалци од Егејска Македонија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. Во текот на Втората светска војна, во селото бил формиран селскиот НОО од страна на Ѓорѓи Стоев. На 28 септември 1944 година, во близина на селото од страна на германските сили биле нападнати позициите на партизаните. Во судрувањето кое траело неколку часа, фашистите биле разбиени и принудени да се повлечат кон Струмица. При повлекувањето тие се обиделе да го запалат селото, но на тоа повторно реагирале партизаните и ги спречиле во намерата. Во тие борби 4-та македонска бригада изгубила тројца борци и имала еден тешко ранет, додека Германците имале пет загинати.

По крајот на Втората светска војна, Нова Маала била вклучена во НР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.

Демографија

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Турци и 200 Македонци.

Пописот од 1961 година бележи дека 55 луѓе биле родени во друга држава (Грција).

Според пописот од 2002 година, селото има 823 жители и спаѓа во групата на големи села.

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Нова Маала има 893 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно Македонци 546Албанци 0Турци 76Роми 0Власи 0Срби 0Бошњаци 0Други271 На табелата е прикажана националниот состав на селото низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика. ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациОст.Вкупно1948————————6961953283—88132———7841961343—276——2—162219714151213————15401981550—206————57611991610—2011———28141994544—192————37392002679—142———11823

Религија Нова Маала е едно од двете единствени села во Македонија со мнозинство население кое верски припаѓа на католичката црква. На табелата е прикажана верската определба во селото од 2002 година:Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X ВераЖителиПроценти ( %)Католици52063,18 %Муслимани23228,18 %Православни698,38 %останати20,24 %

Институции и знаменитости

ОУ „Атанас Нивичански“ Црква „Успение на Пресвета Богородица“ Џамија

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1809 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 727 гласачи.

Наводи

Надворешни врски Општина Василево

Категорија:Струмички села Категорија:Села во Македонија Категорија:Села во Општина Василево