Влатко Митков (роден на во Штип) — македонски ракометар кој настапувал за австрискиот клуб Кремс.

Митков бил долгогодишен репрезентативец и член на ракометната репрезентација на Македонија. Тој бил дел од составот на македонската репрезентација која го освоила петтото место на Европското првенство 2012 во Србија.

Својата репрезентативна кариера, Митков ја завршил во 2017 година.Влатко Митков вечерва последен пат ќе го облече дресот со државниот грб gol.mk; 18 јуни 2017

Признанија Најдобар десен бек во австриското првенство во сезоната 2015/16Влатко Митков е прогласен за најдобар десен бек во Австрија! Спортмедија; 31 мај 2016

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Ракометари од Штип