Градиште — археолошко наоѓалиште во крушевското село Алданци. Претставува населба од римското време. Се наоѓа на 2 км северно од селото, на мала височинка, каде по површината на нивите се среќаваат остатоци од објекти: фрагменти од мермерни архитектонски делови, тули, керамика, римски монети, питоси и др. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 978-9989-101-06-9

Поврзано Разбојна Дупка — хеленистичка гробница; Кале — хеленистичка населба; Алданци; Список на археолошки наоѓалишта во Крушевско;

Наводи

Категорија:Алданци