Магдалена Јорданова Антова (, - Белановце, Кумановско, ) — македонска комунистика, учесник во НОБ. Таа е првата загината партизанка во НОАВМ.„Македонска енциклопедија“, Скопје, МАНУ, 2009, 71 стр.„Жените од Македонија во НОВ 1941-1945“, Зборник на документи, Скопје, 1976.Ив(анка) Мургашанска, „Женски хор „Магдалена Антова“ 1946-1978“, Куманово, јуни 1979.„Куманово и Кумановско во НОВ 1941-1942 година“, Материјали од научниот собир одржан на 12, 13 и 14 декември 1978, Куманово, декември 1979.
Животопис
Антова е родена во Куманово на 20 јуни 1920 година. Таа како обична работничка шивачка била примена како член на СКОЈ во 1939 година. Раководела со просветни групи и работела меѓу жените од селата на Кумановско. Учествувала во акциите што ги организирала КПЈ и СКОЈ во градот, непосредно пред војната. Во судбоносните денови на бугарската фашистичка окупација на Македонија, работела во подготовките за појавување на Првиот кумановски партизански одред.
По фашистичката окупација на градот успеала да ослободи неколку заробени војници од војската на Кралството Југославија, а со братот Методи прибрала поголемо количество оружје за потребите на Месниот комитет на КПЈ.
Била борец на Карадачкиот партизански одред (11-14 октомври 1941), кој на 11 октомври го кренале вооруженото востание на Македонскиот народ, во Куманово. Нејзиниот одред по предавство бил опколен од бугарската војска и полиција во една селска воденица кај Белановце. Во битката Антова загинала заедно со повеќе нејзини соборци. Нејзината трагедија е во тоа што таа била издадена од сопствениот татко кој бил бугарофил. Поради овој настан и денес во Куманово се користи изразот „Антова несреќа“.Симо Младеновски, „Магдалена Јорданова Антова“, „Просвета“, XXV, 531-532, Скопје, 12, X 1981, 8.
Во нејзина чест едно кумановско основно училиште го носи нејзиното име.
Наводи
Категорија:Луѓе од Куманово Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски комунисти Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна