Копривштица () — историски град во Софиска Област, Бугарија. Покрај градот тече реката Тополница, а во близина се наоѓа планината Средна Гора. Познат е по тоа што е еден од центрите на Априлското востание од 1876, автентичната бугарска преродбеничка архитектура и фестивалот за народна музика. Копривштица се наоѓа на 111 км источно од главниот град Софија.

Забележителности Ослекова куќа (1853-1856), денес Етнографски музеј Бенковска куќа (1831) - куќата на револуционерот Георги Бенковски Каравелова куќа (1810-1835) - куќата на револуционерот Љубен Каравелов Каблешкова куќа (1810-1835) - куќата на револуционерот Тодор Каблешков Дебељанова куќа (1830) - куќата на поетот Димчо Дебељанов Љутова куќа (1854) - куќата на трговецот Петко Љутов Герова куќа (1810-1835) - куќата на преродбеникот Најден Геров Црква „Успение Богородично“ (1817) Црква „Свети Никола“ (1839) Мемориал „20 април“ (1926) Калачев мост (1813) - познат и како „Мост Прва Пушка“ за тоа што овде е објавено Априлското востание Читалиште „Хаџи Ненчо Палавеев“ (1869) Училиште „Свети Кирил и Методи“ (1837) - првото класно училиште во бугарските земји Улица на занаетите

Личности Георги Бенковски, револуционер Љубен Каравелов, револуционер и писател Димчо Дебељанов, поет Тодор Каблешков, револуционер Најден Геров, преродбеник Неофит Рилски, преродбеник

Галерија

Надворешни врски Мрежно место на Копривштица (англ.) Галерија на Копривштица

Категорија:Отоманска архитектура во Бугарија Категорија:Населени места во областа Софија