Ангелковци семеен род со потекло од с. Гари, кои се занимавале со зографство кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век. Најстариот од родот бил Ангелко и имал син Петар, чии пак двајца синови Спас и Доне (Андон) Петрови оставиле потомци кои се занимавале со овој занает во Македонија до 1938 г. Работеле икони во околината на Струмица, Прилеп, Кавадарци и во Мариово. Во групата се познати синовите на Доне (Андон): Димитар Андонов (1856–1934), Ѓорѓи Андонов (1862–1933) и Нестор Андонов (1866– 1926). Од нивните потомци се сликани некои цркви во Кичевско.
Родословие
Наводи
Категорија:Македонски зографи