Кале — археолошко наоѓалиште во крушевското село Долно Дивјаци. Претставува средновековно утврдување. Се наоѓа на околу 2,5 км западно од селото, на границата на атарите од селата Зашле и Долно Дивјаци. На висок рид со доста стрмни страни, кој има доминантна местоположба во однос на околината, на површина од 150 × 100 м се среќаваат грамади од градежен материјал. Се гледаат и ѕидови градени од камен со варов малтер.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 978-9989-101-06-9
Поврзано Св. Недела — осамен наод од раниот среден век; Стари Куќи — средновековна населба; Долно Дивјаци; Список на археолошки наоѓалишта во Крушевско;
Наводи
Категорија:Долно Дивјаци