Сачево — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица. thumb|десно|Црквата Свети Илија thumb|десно|ОУ „Маршал Тито“

Географија и местоположба

Сачево се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 6 километри.

Надморската височина во селото е 216 метри а површината на селото изнесува 305 ха.

Селото граничи со Куклиш, Свидовица, Муртино, Робово, Градско Балдовци, Дабиле.

Историја

Стопанство

Претежно занимање на населението е земјоделство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 236 ха.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сачево живееле 280 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.160. Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Сачево имало 280 Македонци, патријаршисти.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.106-107.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 540 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 443 жители, од кои 418 Македонци, 1 Албанец и 24 лица без податоци.

Општествени установи Основно училиште Маршал Тито Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1839 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 436 гласачи.

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 435 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Црква Св.Илија Селска чешма

Редовни настани

Личности

Гале Галев (р. 11 февруари 1943) - македонски правник, универзитетски професор и поранешен министер за образование во владата од 1998 година

Култура и спорт ФК Сачево

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Општина Струмица Категорија:Струмички села Категорија:Села во Македонија Категорија:Села со слава Илинден во Македонија