Алберто Палоски (роден на ) — италијански фудбалер, напаѓач на СПАЛ.
Кариера Својата фудбалска кариера ја започнал во младата школа на Милан. Во сезоната 2007/08 дебитирал за првата екипа на ФК Милан. Во периодот од 2008 до 2010 година настапувал на ФК Парма, каде во 2011 година бил преотстапен на Џенова. По крајот на сезоната 2010/11, тој се вратил во Милан.
Кјево На 8 август 2011, Палоски му се приклучил на Кјево на заем, откако тимот од Верона откупил половина од неговиот договор. Тој го направил своето деби во жолта-синиот дрес на 18 септември 2011 во првенствен натпревар против Парма кој завршил со пораз на неговиот тим со 2-1; Палоски се појавил како замена во текот на првото полувреме на местото на Серџо Пелисије и постигнал гол во 79-тата минута за моментални 1-1, но во 90-тата минута Себастијан Џовинко со својот втор гол на натпреварот им донел победа на домаќините. Во својата прва сезона за Кјево одиграл 36 натпревари постигнувајќи 6 гола. На крајот на сезоната Кјево и Милан се договориле за продолжување на заемот на играчот до крајот на сезоната 2012-2013 сезона.
Надворешни врски Алберто Палоски на soccerway Алберто Палоски на transfermarkt
Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Парма Категорија:Фудбалери на ФК Џенова Категорија:Фудбалери на ФК Кјево Верона Категорија:Фудбалери на АФК Свонзи Сити Категорија:Фудбалери на ФК Аталанта Категорија:Фудбалери на ФК СПАЛ Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Живи луѓе