Зоран Џорлев (, — , ) — македонски виолинист, вокален изведувач, и професор. Бил син на Наско Џорлев, композитор на народна музика.

Животопис Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството, живеејќи на улицата „Пере Тошев“ во близина на киното, заедно со братот Ристо (Ице) и сестрата Софче. Тој бил дете на Наско и Грозда Џорлеви, а татко му бил познат композитор на народна музика и водач на оркестар. Кога бил првооделенец, со семејството се преселил во Скопје. Уште во раното детство, во Струмица, започнал да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1977 година почнал да свири на виолина, откако претходно во музичкото училиште бил одреден да свири на пијано, зашто „немал предиспозиции за виолина“.Валентина Тодоровска, „Никогаш не ја заборавив мојата улица во Струмица“, Утрински весник, година XVI, број 4721, петок, 27 февруари 2015, стр. 22.

Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат бил по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје. Во јануари 2011 бил назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде останал до август 2017 година. Тој и долги години беше и водител на музички емисии како: Емисија "Зајди Зајди" на Телевизија Алфа во период од 2009 до 2010 година, "Зора Зори" на Сител-телевизија 2011-2012 година, "По патот на песната" на МТВ 2015 година и последната негова емисија "Запеј ја онаа нашата" на Телевизија Алфа 2019-2020 година.

Починал на 1 јануари 2021 г. поради боледување од коронавирус.

Наводи

Надворешни врски „Твоите усни друг ги љуби“ — изведба на Џорлев „Благуно дејче“ — изведба на Џорлев со Есма Реџепова Запејте мераклии — изведба на Џорлев со Атина Апостолова За многу години Македонци — изведба на Џорлев со Виолета Томовска

Категорија:Музичари од Струмица Категорија:Македонски виолинисти Категорија:Македонски етномузиколози Категорија:Починати од КОВИД-19 во Македонија Категорија:Луѓе со потекло од Кукуш