Кујбишевско Езеро (, тат. Куйбышев сусаклагычы) — вештачко езеро на средниот тек на реката Волга во европскиот дел на Русија. Дел е од таканаречената каскада Волга-Кама и е најголемото вештачко езеро во Европа.

Езерото понекогаш е нарекувано и Самарско вештачко езеро, поради блискиот град Самара, кога порано се викал Кујбишев. Името на езерото до денес не е званично променето.

Езерото е изградено во периодот од 1950-1955. За изградбата на браната биле употребени 162 милиони м3 земја и 7,036 милиони м3 армиран бетон. Браната има висина од 27 до 44,5 метри над нивото на реката Волга. Дваесетте турбини а хидроцентралата имаат сила од 2,315 MW (17 пати по 115 MW и трипати по 120 MW).

Реката Волга тече низ езерото, а во него уште се влеваат и: Волга, Кама, Свијага, Казанка, Болшој Черемшан. Поголеми градови на ова езеро се: Казањ, Уљјановск, Тољјати и Зеленодолск.

Надворешни врски

Интернет презентација на хидроцентралата

Категорија:Вештачки езера во Русија Категорија:Слив на Волга