Димитар Николов е бугарски политичар, градоначалник на Бургас. Магистер е по организација и управување на трговијата и има професионална диплома по менаџмент од НБУ (Нов Бугарски Универзитет). Женет е и има 3 деца - едно девојче и две момчиња. Член е на одборот на БСУ (Бургаски Слободен Универзитет). Работел и како менаџер на "КБС" ООД.

Избран е за градоначалник на Бургас на локалните избори во 2007, предложен од ГЕРБ и поддржан од десните сили во Бургас.

Категорија:Бугарски политичари

Категорија:Градоначалници на Бургас