Караџалар — село во Општина Радовиш, источна Македонија. Денес нема жители.
Географија и местоположба Селото е сместено на јужните падини на Плачковица, северно од Радовиш, меѓу Штурово на југозапад и Чешме Маале на север. Атарот е мошне мал, со површина од .
Историја Подрачјето на Караџалар е населено уште од средниот век, за што сведочи наоѓалиштето Асарлак на 3-4 км северно од селото.
Во XIX век Караџалар било турско село во Радовишка Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Караџалиите имало 100 жители, сите Турци.
Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Караџали живееле 37 Турци.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.
Населението на Караџалар стрмоглаво опаднало во текот на 1950-тите поради иселувањето на Турците од Македонија. Од 118 жители во 1953 г. се свело на само 16 во 1961 г. Во текот на 1960-тите селото е целосно напуштено. Според пописот од 2002 година, Караџалар немал ниеден жител. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Асарлак — населба од средниот век
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Радовишки села Категорија:Села во Општина Радовиш Категорија:Раселени села во Македонија