Тур де Франс 2012 бил 99. Тур де Франс. Започнал во белгискиот град Лиеж и завршил традиционално на Шанзелизе во Париз. Покрај прологот и две друмски етапи се возеле низ Белгија, додека една етапа завршила во Швајцарија.

Рутата била случајно објавена од ASO на нивната официјална страница на 10 октомври 2011, осум дена пред официјалната презентација. Рутата вклучувала вкупно 101,1 километар во поединечни хронометри и три завршници на нагорнини: Ла Планш де Бел Фил (етапа 7), Ла Тусуар - Ле Сибел (етапа 11) и Пејрагудс (етапа 17). Кол ду Гран Коломбје, искачување кое претходно било возено на Критериум ду Дофине, Тур де л’Авенир и Тур де л’Ен, било вклучено за првпат и било помеѓу шесте категоризирани искачувања од екстра категорија на Алпите и Пиринеите.

Бредли Вигинс () го освоил генералниот пласман на трката, со предност од 3' 21" пред сонародникот и колегата Крис Фрум. Тие станале први британски возачи кои завршиле помеѓу првите тројца во генералниот пласман. Жолтата маичка била носена во текот на првата недела од Швајцарецот Фабијан Канчелара (), кој го освоил прологот. Вигинс, втор на прологот, го преземал водството на трката на етапата 7, првата планинска етапа, која била освоена од Фрум, и го одржал неговото водство до крајот на трката, победувајќи на двата долги хронометри и не губејќи воопшто време пред главните соперници на ниедна етапа во планините. Фрум бил втор на обата хронометра и бил заедно или малку подобар од Вигинс на планинските етапи. Третото место во генералниот пласман му припаднало на Италијанецот Винченцо Нибали (), единствениот возач, кој постојано го држел темпото на Вигинс и Фрум во планините.

Бодовниот пласман бил освоен од словачкиот колега на Нибали Петер Саган, кој имал најмногу освоени бодови на целата трка. Саган освоил три етапи и бил втор или трет на уште четири: германскиот спринтер Андре Грајпел од и светскиот првак Марк Кевендиш, уште еден британски возач од , обата исто така освоиле по три етапи, но не биле толку присутни на другите спринтови. Францускиот возач од Тома Веклер, победник на две планински етапи и освојувач на седум последователни врвови, го освоил планинскиот пласман, а американскиот возач од Тиџеј ван Гардерен, петти во вкупниот пласман, ја освоил наградата за најдобар млад возач, додека екипниот пласман бил освоен од страна на екипата , а Крис Анкер Серенсен ја добил наградата за најборбен возач.

Екипи

Сите 18 UCI ProTeam екипи се автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Четири UCI Professional Continental екипи, една холандска и три француски се исто така поканети.

†: Поканетите континентални екипи

Фаворити пред трката

Победникот од 2011 Кедел Еванс ја бранел неговата титула на Тур. Вицешампионот Енди Шлек (и подоцна објавениот победник од 2010) немало да учествува на трката поради фрактура на неговата карлица, здобиена на Критериум ду Дофине. Третиот сè уште активен поранешен победник на Тур де Франс Алберто Контадор бил моментално суспендиран и затоа немало да вози на овогодишниот Тур.

Други поранешни победници на некој Гранд Тур, кои биле присутни на овогодишниот Тур де Франс се: Денис Мењшов (Џиро д’Италиа 2009 и Вуелта а Еспања 2005 & 2007), Александар Винокуров (Вуелта а Еспања 2006), Алехандро Валверде (Вуелта а Еспања 2009), Винченцо Нибали (Вуелта а Еспања 2010), Хуан Хосе Кобо (Вуелта а Еспања 2011), Иван Басо (Џиро д’Италиа 2006 & 2010), Микеле Скарпони (Џиро д’Италиа 2011) и Рајдер Хесједал (Џиро д’Италиа 2012).

Врвен фаворит според многу критичари бил британскиот велосипедист Бредли Вигинс. Бројот четири на изданието во 2009 и добиен подиум на Вуелта а Еспања 2011 ја покажал добрата форма во текот на целата сезона со освојувањето на генералните пласмани во значајни етапни трки, како што се Париз-Ница, Тур де Романди и Критериум ду Дофине. Поранешниот велодромски велосипедист се сметал за еден од подобрите специјалисти за хронометри во главната група, а големиот број на хронометарски километри му одат во прилог.

Етапи

+Список на етапиЕтапаДатумДвижењеДолжинаВидПобедникП30 јуни Лиеж – Лиеж 6,1 км 20px|link=рамна етапа поединечен хронометар 11 јули Лиеж – Серен 198 км 22px|alt=|link= рамна етапа 22 јули Визе – Турне 207 км 22px|alt=|link= рамна етапа 33 јули Орши – Булоњ-сир-Мер 197 км 22px|alt=|link= среднопланинска етапа 44 јули Абевил – Руан 214 км 22px|alt=|link= рамна етапа 55 јули Руан – Сен Кантен 197 км 22px|alt=|link= рамна етапа 66 јули Еперне – Мец 210 км 22px|alt=|link= рамна етапа 77 јули Томблен – Ла Планш де Бел Фил 199 км 22px|alt=|link= среднопланинска етапа 88 јули Белфор – Порентри 154 км 22px|alt=|link= среднопланинска етапа 99 јули Арк-ет-Сенан – Безансон 38 км 20px|link=Flat stage поединечен хронометар 10 јули Ден за одмор1011 јули Макон – Белгар сир Валсерен 194 км 22px|alt=|link= планинска етапа 1112 јули Албервил – Ла Тусуар - Ле Сибел 140 км 22px|alt=|link= планинска етапа 1213 јули Сен Жан де Морен – Аноне/Давезје 220 км 22px|alt=|link= среднопланинска етапа 1314 јули Сен Пол Тру Шато – Кап д’Агд 215 км 22px|alt=|link= рамна етапа 1415 јули Лиму – Фуа 192 км 22px|alt=|link= планинска етапа 1516 јули Саматан – По 160 км 22px|alt=|link= рамна етапа 17 јули Ден за одмор1618 јули По – Бањер де Лишон 197 км 22px|alt=|link= планинска етапа 1719 јули Бање де Лишон – Пејрагудс 144 км 22px|alt=|link= планинска етапа 1820 јули Блањак – Брив ла Гајар 215 км 22px|alt=|link= рамна етапа 1921 јули Бонвал – Шартр 52 км 20px|link=Flat stage поединечен хронометар 2022 јули Рамбује – Париз (Шанзелизе) 130 км 22px|alt=|link= рамна етапа

Пласмани

thumb|left|Четирите носители на маичките на последната етапа: (од лево) Петер Саган, носител на зелената маичка; Марк Кевендиш, светски првак; Бредли Вигинс, победник на генералниот пласман и Тома Веклер, победник во планинскиот пласман

Постојат неколку пласмани на Тур де Франс 2012. Најважниот е генералниот пласман, пресметуван со додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа. Велосипедистите со најмало вкупно време е водач на трката, на кој му се доделува жолтата маичка; победникот во овој пласман се смета за победник на целиот Тур. Во 2012, не постојат бонус секунди.

Дополнително, тука е бодовниот пласман, кој се наградува со зелената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добиваат бодови за завршување меѓу најдобрите во етапата или на средните спринтови. Велосипедистот се најмногу бодови води во пласманот и му се доделува зелената маичка.

Исто така, постои и планински пласман. Организаторите категоризираат одредени искачувања како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија; бодови за овој пласман може да освојат првите велосипедисти на некое искачување, со разлика во бодовите на секое категоризирано искачување. Велосипедистите со најмногу бодови води во пласманот и му се доделува точкестата маичка.

Четвртиот поединечен пласман е пласманот за млад возач, кој е награден со белата маичка. Овој пласман се преместува на истиот начин како генералниот пласман, но учествуваат само возачи помлади од 26 години.

За екипниот пласман се додаваат времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа по секоја етапа; водечка екипа е екипата со најмало вкупно време. Возачите во екипата, кои водат во овој пласман, добиваат жолти броеви на нивните дресови и за првпат во 2012 и жолти кациги.

Наградата за борбеност (исто така именувана како награда за најагресивен возач) е одредена од судиите по секоја етапа.

Етапа Победник Генерален пласман25px Бодовен пласман25px Планински пласман25px Пласман за млад возач25px Тимски пласман25px Награда за борбеност25px П Фабијан Канчелара Фабијан Канчелара Фабијан Канчелара недоделена Тиџеј ван Гардерен недоделена 1 Петер Саган Михаел Меркев Никола Еде 2 Марк Кевендиш Петер Саган Антони Ру 3 Петер Саган Михаел Меркев 4 Андре Грајпел Јукија Араширо 5 Андре Грајпел Матје Ладању 6 Петер Саган Дејвид Забриски 7 Крис Фрум Бредли Вигинс Крис ФрумРеин Тарамае Луис Леон Санчес 8 Тибо Пино Фредрик Кесијакоф Фредрик Кесијакоф 9 Бредли ВигинсТиџеј ван Гардерен недоделена 10 Тома Веклер Тома Веклер Тома Веклер 11 Пјер Ролан Фредрик Кесијакоф Пјер Ролан 12 Дејвид Милар Роберт Кишерловски 13 Андре Грајпел Михаел Меркев 14 Луис Леон Санчес Петер Саган 15 Пјерик Федриго Ники Серенсен 16 Тома Веклер Тома Веклер Тома Веклер 17 Алехандро Валверде Алехандро Валверде 18 Марк Кевендиш Александар Винокуров 19 Бредли Вигинс недоделена 20 Марк Кевендиш На крај Бредли Вигинс Петер Саган Тома Веклер Тиџеј ван Гардерен Крис Анкер Серенсен

Забелешки На етапата 1, Бредли Вигинс, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Фабијан Канчелара (на прво место) ја носел жолтата маичка како водач во генералниот пласман на таа етапа. На етапата 2, Петер Саган, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Фабијан Канчелара (на прво место) ја носел жолтата маичка како водач во генералниот пласман на таа етапа.

Поредок

Генерален пласман

ВозачЕкипаВреме 1 20px 87ч 34' 47" 2 + 3' 21″ 3 + 6' 19″ 4 + 10' 15″ 5 20px + 11' 04″ 6 20px + 15' 41″ 7 + 15' 49″ 8 + 16' 26″ 9 + 16' 33″ 10 + 17' 17″

Бодовен пласман

ВозачЕкипаБодови 1 20px|Green jersey 421 2 280 3 268 4 220 5 160 6 20px 144 7 126 8 104 9 102 10 100

Планински пласман

ВозачЕкипаБодови 1 20px|Polka-dotted jersey 135 2 123 3 77 4 63 5 51 6 48 7 43 8 40 9 38 10 34

Пласман за млад возач

ВозачЕкипаВреме1 20px 2 + 6' 13″3 + 1ч 05' 48″4 + 1ч 16' 32″5 + 1ч 20' 40″6 + 1ч 26' 37″7 20px + 1ч 27' 42″8 + 1ч 31' 08″9 + 1ч 41' 39″10 + 1ч 46' 06″

Екипен пласман

МестоЕкипаВреме1 20px 263ч 12' 01″2 + 5' 54″3 + 36' 36″4 + 43' 35″5 + 1ч 04' 58″6 + 1ч 08' 19″7 + 1ч 08' 54"8 + 1ч 12' 49″9 + 1ч 19' 28″10 + 1ч 41' 18″

Галерија на маичките

Бодови за светската турнеја

Тур де Франс била една од 29. трки во текот на сезоната, кои се бодуваат за Светската турнеја. Бодови освоиле првите 20 возачи во генералниот пласман и првите пет возачи на секоја етапа. Само возачите од UCI ProTour екипите можеле да освојуваат бодови за рангирањето.

+Бодови освоени на Тур де ФрансИмеЕкипаБодови 266 206 128 114 108 100 98 90 84 80 62 60 42 40 40 34 32 30 24 24 24 20 16 16 12 12 12 10 10 10 8 8 8 8 6 6 6 6 4 4 4 2 2 2 2 2 2 2

+Првите десет во поединечниот пласман по Тур де ФрансМестоПретходноИмеЕкипаБодови 1 3 601 2 1 404 3 4 400 4 2 368 5 5 351 6 52 266 7 6 252 8 23 237 9 7 210 10 15 201

Награден фонд

Вкупно, околу 3,5 милиони евра биле доделени во текот на трката. Првично, секоја екипа добила 51.243 €, додека секоја екипа, која го завршила Тур со најмалку седум возачи добила по 1.600 евра по возач. Победникот на генералниот пласман добил 450.000 евра, со помали награди за секоја понатамошна позиција, сè до 400 евра за последниот возач.

+Награди за секој пласман Поредок1.2.3.4.5.6.7.8.9.10. По ден 20px Генерален 450.000 € 200.000 € 100.000 € 70.000 € 50.000 € 23.000 € 11.500 € 7.600 € 4.500 € 3.800 € 350 20px Бодовен 25.000 € 15.000 € 10.000 € 4.000 € 3.500 € 3.000 € 2.500 € 2.000 € – 300 20px Планински 25.000 € 15.000 € 10.000 € 4.000 € 3.500 € 3.000 € 2.500 € 2.000 € – 300 20px Млад 20.000 € 15.000 € 10.000 € 5.000 – 300 Екипен 50.000 € 30.000 € 20.000 € 12.000 € 8.000 – 20px Борбен 20.000 € –

Победникот на етапата добивал по 8.000 евра на обична етапа и 10.000 евра за хронометар. Парите постепено се намалувале, па така возачот на 20. место добил 200 евра. Првата личност која минела низ средниот спринт добивал по 1.500 евра. Пари исто така се добивале за поминување на категоризираните искачување, за најдобриот млад возач на секоја етапа, најборбениот возач и најдобрата екипа на етапата.

+Награди за етапи и други пласмани Поредок1.2.3.4.5.6.7.8.9.10. Етапа 8.000 € 4.000 € 2.000 € 1.200 € 830 € 780 € 730 € 670 € 650 € 600 € Среден спринт 1.500 € 1.000 € 500 € – Искачување екстра кат. 800 € 450 € 300 € – Искачување прва кат. 650 € 400 € 150 € – Искачување втора кат. 500 € 250 € – Искачување трета кат. 300 € – Искачување четврта кат. 200 € – Млад 500 € – Борбен 2.000 € – Екипа 2.800 € –