Реин Тарамае (; р. во ) — естонски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа .

Кариера

Тарамае станал професионалец во 2008 година со , откако возел за тимот како практикант на крајот од 2007 година и победил на етапа на Трката околу Ардените рано во сезоната. Во 2008 година освоил две етапи на ГП Португал и етапа на Тур де л'Авенир. На Летните олимписки игри 2008, Тарамае ги завршил друмската трка и хронометарот.

мини|лево|Реин Тарамае на Тур де л’Eн

Во 2009 година завршил трет на Тур де Романди и осми на Тур де Свис. Тарамае ги освоил националните друмски и хронометарски првенства во 2009 година. Тој го освоил и Тур де л’Ен откако победил на последната етапа на Кол ди Гран Коломбје. Во 2010 година завршил седми на Париз-Ница и трет на Волта а Каталуња.

Во 2011 година, Реин завршил 11. во генералниот пласман на Тур де Франс. На етапата 14 на Вуелта а Еспања 2011 Тарамае и другиот член на бегството Давид де ла Фуенте биле последните двајца возачи од бегството со 17 возачи, но на 2 километри пред Де ла Фуенте отпаднал со цел да му помогне на колегата Хуан Хосе Кобо при искачување, со што му дозволил Тарамае сам да дојде до неговата прва етапна победа на некоја голема трка. На крајот се повлекол пред трката да заврши во Мадрид.

Во август 2014 година, генералниот менаџер на , Александар Винокуров, објавил дека Тарамае потпишал едногодишен договор со екипата за сезоната 2015.

Сезоната 2015 започнала добро за Реин со победа на Вуелта Сиклиста а Мурсија. Надежите биле високи, особено со настапот на големите трки, како Тур де Франс. На Тур де Франс 2015, Тарамае требало да му помага на Винченцо Нибали во планините. На крајот, Тарамае бил приморан да ја напушти единаесеттата етапа поради болест. По разочарувачкиот Тур, Тарамае победил на Вуелта а Бургос и Арктичката трка на Норвешка во август. Истовремено се појавиле гласини дека Тарамае ја напушта Астана и на крајот на август, Тарамае потпишал едногодишен договор со .

Бил вклучен во почетниот состав за Џиро д’Италија 2016. Ја освоил дваесеттата етапа на трката, станувајќи првиот Естонец кој освоил етапа на Џиро. По краток одмор во Естонија, Тарамае ја освоил Трката околу Словенија, заедно со победа на втората етапа.

Достигнувања

2005 3. Краен пласман Курс де По 2006 1. 20п Хронометарски првак под 23 години 1. ГП Уест-Франција под 23 години 2007 1. Етапа 4 Сиркут де Ардени 1. 20п Европски хронометарски првак под 23 години 2. Национално хронометарско првенство 2008 Гран при ду Португал 1. Етапа 2 1. Етапа 3 1. Етапа 6 Тур де л’Авенир 2009 1. 20п Национален хронометарски првак 1. 20п Национален друмски првак 1. Краен пласман Тур де л’Ен 1. Етапа 5 1. 20п Планински пласман Вуелта ал Паис Васко 3. Краен пласман Тур де Романди 8. Краен пласман Тур де Свис 2010 3. Краен пласман Волта а Каталуња 7. Краен пласман Париз-Ница 2. Пласман за млад возач 9. Краен пласман Рут ду Суд 2011 3. Краен пласман Критериум Интернационал 1. 20п Пласман за млад возач 4. Краен пласман Париз-Ница 1. 20п Пласман за млад возач 5. ГП Тарту 8. Краен пласман Волта ао Алгарве 10. Краен пласман Сиркут де ла Сарт 1. 20п Национално хронометарско првенство Ја носел белата маичка 20п на етапата 18 Тур де Франс 2012 1. 20п Национално хронометарско првенство 2. Краен пласман Вуелта а Андалусија 3. Краен пласман Етоал де Бесеже 8. Краен пласман Тур ду Поату Шарент 2013 1. 20п Национално друмско првенство 2. Национално хронометарско првенство 3. Шоле-По де Лоара 2014 1. Тур ду Дуа 2. Краен пласман Трка околу Турција 1. Етапа 3 6. Краен пласман Тур ду Лимузен 8. Краен пласман Етоал де Бесеже 2015 1. Вуелта Сиклиста а Мурсија 1. 20п Краен пласман Вуелта а Бургос 1. 20п Краен пласман Арктичка трка на Норвешка 6. Краен пласман Волта ао Алгарве 2016 1. Етапа 20 Џиро д’Италија 1. 20п Краен пласман Трка околу Словенија 1. Етапа 2 2017 9. Краен пласман Трка околу Гуангси 2018 3. Краен пласман Тур де л’Ен 4. Краен пласман Вуелта а Арагон

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро—— —— ———29— 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур—СО123610288СО—— 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта74—СО—— ——СО147

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Блог на Реин Тарамае

Категорија:Родени во 1987 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Тарту Категорија:Естонски велосипедисти Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2008 Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016 Категорија:Олимписки велосипедисти на Естонија Категорија:Етапни победници на Вуелта а Еспања Категорија:Естонски етапни победници на Џиро д’Италија