Никола Попоски () — македонски економист и министер за надворешни работи во периодот 2011–2017.

Животопис Завршил на економскиот факултет на скопскиот универзитет и бил стипендист на француската влада на универзитет во Ница. Магистрирал европски економски студии на колеџот на Европа во Бриж, Белгија.

Во периодот од 2003 до 2004 работел во државната управа на руренско пристаниште, а до 2004 бил и секретар во француската амбасада во Македонија. Во 2010 година бил именуван за амбасадор на Македонија во мисијата на ЕУ во Брисел.

Попоски зборува француски, англиски, италијански, холандиски и хрватски. Добитник е на Наградата за посебен придонес од доменот на ЕУ политиката за проширување, доделувана од Европската Комисија.

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски економисти Категорија:Македонски политичари Категорија:Министри за надворешни работи на Македонија Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2011 Категорија:Пратенички состав 2016-2020 Категорија:Апсолвенти на Економскиот факултет - Скопје