Знамето на Општина Бутел е официјалното знаме на оваа скопска општина. Знамето и грбот биле усвоени со усвојувањето на новиот статус по создавањето на општина Бутел како нова општина во Македонија на 22 април 2005.Профил на Општина Бутел
Опис Знамето на Општина Бутел има правоаголна форма. Знамето е составено од ве вертикални нееднакви ленти во жолта и црвена боја, каде жолтата боја е два пат помала од црвената. Боите се преземени од знамето на Македонија, традиционални бои на македонскиот народ. На самиот спој на лентите е поставен грбот на Општина Бутел. Грбот е всушност штит на кој има има приказ на сино небо со македонско сонце, под него планини, мост и зелена површина со златна флора.
Наводи
Поврзано Општина Бутел Грб на Општина Бутел Знамиња на општините во Македонија
Надворешни врски Официјално мрежно место на Општина Бутел
Категорија:Општина Бутел Бутел, Општина