Хаџи-Реџепли — село во Општина Штип, источна Македонија. Денес нема жители.
Географија и местоположба Селото лежи во северниот дел на Конечка Планина, од левата страна на реката Крива Лакавица. Сместено е 19 км јужно од градот Штип, во јужниот дел на општината. Атарот зафаќа површина од .
Историја Во XIX век Хаџи-Реџепли било турско село во Штипската Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Хаџи Реџепли имало 305 жители, сите Турци.
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Хаџи-Реџепли (Hadži Redžepli) како турско село.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци и 25 до 50 Власи.
Населението на Хаџи-Реџепли доживеало голем пад во периодот пред Втората светска војна, а продолжило да опаѓа и по војната. Најголемото намалување на бројот на жители се случило во 1950-тите, сведувајќи се на 34 жители, од кои само 2 Турци, а остатокот биле доселени Македонци.Хаџи-Реџепли — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) Во текот на наредните години селото е целосно напуштено. Според пописот од 2002 година, Хаџи-Реџепли немало ниеден жител. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Родови Хаџи-Реџепли било турско село.
Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:
Доселеници: Ќор-Усинлер (4 к.), Кса-Агушлар (2 к.), Кара-Беќирлер (1 к.), Амушлар (4 к.), Ибо-Саитлар (1 к.), Џорелерден (5 к.), Узун-Мемишлер (7 к.), Јајалар (3 к.), Кубатлер (3 к.), Кара-Муратар (4 к.) и Мателер (1 к.) стари доселеници од Турција, по потекло Јуруци; Хамимлар (1 к.) доселени во 1913 година од селото Шеоба.
Иселеништво Иселеници има во Турција.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Штипски села Категорија:Села во Општина Штип Категорија:Раселени села во Македонија