Џон Бенџамин Тошак (; р. 22 март 1949) — поранешен велшки фудбалски тренер и фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач.
Како играч, останал запомнат по своите настапи во Ливерпул во текот на 1970-тите години, каде оформил впечатливо партнерство во нападот заедно со Кевин Киган.
По завршувањето на играчката кариера, Тошак станал тренер и водел многу екипи во својата кариера, меѓу кои и некои големи клубови како Спортинг Лисабон, Реал Сосиедад, Реал Мадрид, Депортиво Ла Коруња и Бешикташ. Исто така, тој е поранешен селектор на Велс, но и на македонската фудбалска репрезентација која ја водел во периодот 2011-2012.
Биографија Тошак е роден во 1949 во Кардиф, Велс, од татко шкот и мајка велшанка.
Кариера како играч Кардиф Сити Тошак ја започнал својата фудбалска кариера играјќи за , потпишувајќи за нив на 16 години. Тој стана најмладиот играч на клубот кој играл во лигата откако влегол на натпреварот против Лејтон Ориент, во кој го постигнува дебитанскиот гол за победа од 3-1 на 13 ноември 1965. Првиот хет-трик го постигнал во јануари 1968 во победата од 8-0 против Ебу Вејл во Вешкиот Куп.
Ливерпул После четири години во Кардиф Сити, Тошак потпишал за на 11 ноември 1970. Тошак дебитирал за Ливерпул 3 дена подоцна. Неговиот прв гол го постигнал една недела подоцна на 21 ноември во Дербито на Мерсисајд на Енфилд.
Во Ливерпул постигнал 96 голови; бил дел од тимот кој станал шампион на Англија во 1873, 1876 и 1977, го освоил Англискиот куп во 1974 и УЕФА купот во 1973 и 1976 година.
Тренерска кариера Џон Тошак има богата тренерска кариера, која ја започнал во тимот на Свонси Сити, но како тренер бил и во екипите Спортинг Лисабон, Реал Сосиедад, Реал Мадрид, Депортиво Ла Коруња, Бешикташ, Сент-Етјен, Катанија, Реал Мурсија, како и селектор на репрезентациите на Велс и Македонија.
Трофеи Како играч
Велшки Куп: 1967, 1968, 1969 Англиска Премиер Лига: 1973, 1976, 1977 UEFA Куп: 1973, 1976 ФА Куп: 1974; рез: 1971 Charity Shield: 1976; рез: 1971 Европски супер куп: 1977 UEFA Лига на шампиони 1977
Како играч-менаџер
Фудбалска лига, четврта дивизија (Level 4): (Трето место (промовиран) 1978 Фудбалска лига, трета дивизија (Level 3): (Трето место (промовиран) 1979 Фудбалска лига, втора дивизија (Level 2): (Трето место (промовиран) 1981 Велшки куп: 1981, 1982, 1983
Како менаџер
Copa del Rey: 1987; Runner-up: 1988, 1990 La Liga: 1990; Runner-up: 1988, 1999 Supercopa de España: 1995 Turkish Cup: 1998; Runner-up: 1999
Поединечни почести Награда Дон Балон — „Тренер на годината“ во La Liga : 1989 и 1990
Наводи
Категорија:Велшки фудбалери Категорија:Луѓе од Кардиф Категорија:Тренери на АФК Свонзи Сити Категорија:Тренери на ФК Спортинг Лисабон Категорија:Тренери на ФК Реал Сосиедад Категорија:Тренери на ФК Реал Мадрид Категорија:Тренери на ФК Бешикташ Категорија:Тренери на ФК Депотиво Ла Коруња Категорија:Тренери на ФК Сент-Етјен Категорија:Тренери на ФК Катанија Категорија:Членови на Редот на Британската Империја Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1949 година