Французите се европски народ, кои претежно живеат во Франција. Припаѓаат на романската групи народи. Потомци се на Галите и Франките, од кои го добија и денешното име. Францускиот јазик исто така припаѓа на романската група на јазици.
Французите како тема во уметноста Во своето дело, „Мирни денови во Клиши“, американскиот писател Хенри Милер зборува за „стоичката рамнодушност на Французите“,Henri Miler, Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987, стр. 10. вели дека при средбата со маж, „Французинката не го трга погледот како Англичанката или Американката“,Henri Miler, Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987, стр. 11. но исто така вели дека „Французите ненормално ги почитуваат писателите“.Henri Miler, Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987, стр. 58. Во делото „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ вели дека Французинката е „смела, позитивна, духовита, кокетна“;Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 148-149. таа не е сопруга, туку љубовница и мајка;Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 157. таа е единствената жена која може да биде учена, без страв да стане како мажите;Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 96. како и дека таа е духовно и душевно најрабудената жена. Од друга страна, Французинот е најверен пријател, ако не на жената, тогаш на Французинката.Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 104. Тој го става целиот свој душевен, духовен и физички живот во жената, т.е. неа ја поставуваат како центар на сите негови работи, должности, врски и намери.Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 108. Исто така, според Дучиќ, Французинот е добар пријател и чесен непријател.Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 194.
Наводи