Фудбалски сојуз на Исланд (исландски: Knattspyrnusamband Íslands, KSÍ) е главна фудбалска организација на Исланд.

Фодбалската асоцијација е основана во 1947 година и има регистрирано 110 клубови. Член на светската фудбалска федерација ФИФА е од 1947, а додека пак член на Европската фудбалска унија УЕФА од 1954 година. Лигата се игра од 19121 година. Прв победник и најуспешен клуб на сите времиња е КР Рејкјавик (24 титули). Купот на Исланд се игра од 1960 година. Најмногу трофеи освоил КР Рејкјавик (11 титули).

Првиот меѓународен натпревар бил одигран во 1946 година во Рејкјавик, помеѓу Исланд-Данска која завршила со резултат од 0:3. Бојата на дресовите на репрезентацијата е сина и бела.

Поради ниските температури и кратките зимски денови, првенството се игра во периодот од мај до октовмри.

Надворешни врски Порталот на асоцијацијата Исланд на порталот на ФИФА Исланд на порталот на УЕФА

Исланд Категорија:Фудбалот во Исланд Категорија:Спортски организации во Исланд