Горни Балван — мало село во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.

Географија и местоположба

Ова село се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Карбинци, од десната страна на реката Брегалница. Селото е рамничарско, на надморска височина од 385 метри. Од градот Штип е оддалечено 15 километри на север.

Историја

Во век, Горни Балван било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

За време на Српската окупација од 1912 г. до 1941 г. (подоцна од 1918 г. Кралство на Србите, Хрватите и Словенците; од 1929 г. до 1941 г. Кралство Југославија) селото страда силно. Мештаните Коце Стојанов и Ефрем Арсов публично биле тепани од српскиот капетан Димко. Тако Наков беследно исчезнал на пат за Свети Николе. Христо Постолов е убиен од четниците на Јован Бабунски.

Во ова населено место зулуми над селаните вршел и српскиот полицаец Џако, кој само во една прилика во 1915 г. публично (пред жените и децата) ги тепал поради пари: Јоцо Везенков, Јорде Манев, Петре Мицов, Тимо Андонов и Зафир Стојанов.

Во селото често престојувале и српски специјални воени потерџиски единици. Во пролетта 1915 г. под изговор дека треба да се фати војводата Иван Брло, ваква потерџиска единица го опколила селото, а 50—60 души насилно влегувале во куќите, грабеле се што мислеле дека е од вредност и на крајот навлегле во куќите во кои живееле млади девојки и жени и сите по ред ги изнасилиле. Најгрубо српските војници постапиле со: Јана Петрова, Вана Ладева, Севда Тасева, Ѓурѓа Илиева, Василка Иванова, Ванга Митева и Петра Ладева. Жените биле на возраст меѓу 20 и 35 години. Тие биле групно силувани. Јана Петрова ја изнасилиле едноподруго 50 српски војници. Исто така постапиле и со другите жени, поради што останале со тешки последици.

Во Втората светска војна, во 1944 во селото биле стрелани 26 лица од страна на Германците, за што во селото постои споменик во нивна чест.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 15 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 467,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 441,1 хектар, а на шумите само 22,3 хектари.

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.

Во минатото, во селото работел ЗИК „Црвена Ѕвезда“.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 300 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 230. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 448 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.134-135.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.

Од Горни Балван се иселил значителен дел од населението, така што тоа преминало од средно во мало село. Во 1961 година селото броело 451 жител, а во 1994 година бројот се намалил на 78 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Горни Балван живееле 57 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 24 жители, од кои 17 Македонци и 7 лица без податоци.

Општествени установи

мини|300п|десно|Поранешното основно училиште

Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Крупиште, во која покрај селото Горни Балван, се наоѓале и селата Горно Трогерци, Долни Балван, Крупиште, Пишица и Уларци. Селото припаѓало на Општина Долни Балван во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Батање, Горни Балван, Горно Трогерци, Долни Балван, Долно Трогерци и Чардаклија.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2318 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на поранешното основно училиште. Во избирачкото место е опфатено и селото Горно Трогерци.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 36 гласачи.

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи.

Културни и природни знаменитости

мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Јован Крстител“

Археолошки наоѓалишта Богослов Камен — утврдување од римското време; Градиште - Киово — градиште од римското време и средновековна црква со некропола Лоза — утврдување од римското време; и Лозја — осамен наод од бронзеното време.

Цркви Црква „Св. Јован Крстител“ — главна селска црква

Споменици Споменик на НОБ

Личности

Родени во или по потекло од Горни Балван Иван Јанев-Брло — македонски револуционер

Галерија

Наводи

Поврзано Општина Карбинци Штип

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Штипски села Категорија:Села во Општина Карбинци