мини|десно|Професор Јозеф Торак, Фриц Ерлер, 1939 г. мини|десно|Склулптурата „Роден крај“ (1928), сега сместена во Шарлотенбург (Берлин) мини|десно|Споменик на Турската војна за независност во Анкара (1934) Јозеф Торак (; 7 февруари 1889, Салцбург - 26 февруари 1952, Хартмансберг, Баварија) — австриско-германски вајар.

Во 1922 г. Торак се истакнал со споменикот „Воин како умира“ (Der sterbende Krieger), во чест на жителите на Штолпминде (Устка) загинати во Првата светска војна.

Во 1933 г. заедно со колегата Арно Брекер, Торак станува државен вајар на Третиот Рајх.„Уметност: Поголемо од животот “ - Time Во студиото кај Минхен, изработувал скулптури што требале да го претставуваат битот на германскиот народ под нацистичко раководство. Овие дела биле предвидени да изгледаат херојски, и затоа достигнувале 20 метри во висина. Меѓу неговите јавни ангажмани во овој период се вбројува и низата склуптури за берлинскиот олимписки стадион во 1936 г.

Торак бил прочуен по неговите „чудовишно големи споменици“. Еднаш имал посетител во студиото, кој го запрашал помошникот каде е мајсторот, на што овој одговорил: „Горе, во левото уво на коњот“.Rhodes, Anthony, "Propaganda: The Art of Persuasion: World War II", Chelsea House Publishers, New York, 1976, стр. 28

Алберт Шпер се искажувал за Торак како „горе-долу ,мој’ вајар, кој честопати изработува скулптури и релјефи за моите зданија“ и „творец на скулптурната група во германскиот павилјон на Светскиот саем во Париз“.Speer, Albert, Spandau: the Secret Diaries’’, Macmillan Publishing Co., Inc. New York, 1976, стр. 261 Пред павилјнот стоело неговото дело „Побратимство“, на кое се прикажани двајца голи мажи како се држат за рака, стоејќи еден до друг во решителна поза на одбрана и расно другарство.Richard Overy, The Dictators: Hitler's Germany, Stalin's Russia, стр. 260 ISBN 0-393-02030-4

Поради тоа што милувал да прави неокласични скулптури на мускулести голи тела, некои го нарекувале „Професор Торакс“торакс = граден кош. Во неговиот неокласичен стил се забележува и извесно експресионистичко влијание.

Поврзано Арно Брекер Алберт Шпер Уметност на Третиот Рајх Националсоцијалистичка архитектура

Наводи

Надворешни врски

Дела на Торак и слики од неговото ателје

Категорија:Родени во 1889 година Категорија:Починати во 1952 година Категорија:Луѓе од Салцбург Категорија:Австриски вајари Категорија:Германски вајари Категорија:Националсоцијалистичка архитектура