Тенерифе () — најголемиот и најнаселен остров на седумте Канарски Острови. Со површина од 2.034,38 квадратни километри и 898.680 жители. опфаќа 43 % од вкупното население на Канарските Острови. Тенерифе е најголемиот и најнаселен остров во Макаронезија.La Macaronesia. Consideraciones geológicas, biogeográficas y paleoecológicas , Museo de Tenerife
Околу пет милиони туристи го посетуваат Тенерифе секоја година, според кои податоци Тенерифе е најпосетуваниот остров на архипелагот. Островот е еден од најважните туристички одредишта во Шпанија и во светот. Тенерифе е домаќин на еден од најголемите карневали во светот, а карневалот во Санта Крус де Тенерифе работи за прогласување на настанот од страна на УНЕСКО како нематеријално културно наследство на светот."Una fiesta única que merece ser Patrimonio de la Unesco", Natalia Torres, Diario de Avisos, 18-12-2016. [Retrieved 21-04-2018]"El Carnaval de Santa Cruz, relegado como candidato a Patrimonio de la Humanidad", Natalia Torres, Diario de Avisos, 02-12-2016. [Retrieved 21-04-2018]"Cádiz y Santa Cruz de Tenerife, de la mano para que sus carnavales sean Patrimonio Mundial" , La Voz del Sur, 09-Nov-2017 [Retrieved 21-04-2018]
Во Тенерифе постојат два аеродроми: Северен и Јужен. Тенерифе претставува економски центар на архипелагот.
Главниот град на островот, Санта Крус де Тенерифе, исто така е седиште на островотскиот совет (cabildo insular). Градот е главен град на автономната заедница на Канарски Острови (заедно со Лас Палмас), делејќи ги владините институции како што се претседателството и министерствата. Во периодот помеѓу територијалната поделба на Шпанија и 1827 година, Санта Крус де Тенерифе бил единствениот главен град на Канарските Острови. Во 1927 година, Шпанија прогласила два главни градови на Канарските Острови, како што е и денес.Real Decreto de 30 de noviembre de 1833 en wikisourceReal Decreto de 30 de noviembre de 1833 , sitio web oficial del Gobierno de Canarias Во Санта Крус се наоѓа современата сала „Аудиторио де Тенерифе“, архитектонски симбол на Канарските Острови.Auditorio Tenerife, información , Treklens websiteCorreos emite seis sellos con obras emblemáticas de la arquitectura española e incluye el Auditorio de Tenerife , La Region Internacional
На островот се наоѓа и Универзитетот Ла Лагуна, основан во 1792 година во Сан Кристобал де Ла Лагуна. Овој универзитет е најстариот универзитет во Канарските Острови. Градот Ла Лагуна е вклучен во списокот на светско културно наследство на УНЕСКО и бил главен град на Канарските Острови пред да го замени Санта Крус во 1833 година.
Националниот парк „Теиде“ е исто така вклучен во списокот на светско културно наследство на УНЕСКО и се наоѓа во центарот на островот. Во него, планината Теиде се издига на највисока надморска височина во Шпанија и на највисока од островите на Атлантскиот Океан, и трет по големина вулкан во светот од неговата основа.Parque nacional del Teide , web oficial de Turismo de Tenerife Исто така на островот се наоѓа и Анага, биосферен резерват вклучен во спосокот на УНЕСКО од 2015 година. Резерватот има најголем број на ендемски видови во Европа.
Тенерифе е исто така познат по тоа што е место каде се случила најсмртоносната авионска несреќа во историјата во 1977 година.
Топонимија
Домородните народи на островот, Гуанчи, на нивниот јазик островот го нарекувале Акинет или Ченет (овие варијанти се пронајдени во литературата). Според Плиниј Помладиот, берберскиот крал Јуба II испратил експедиција на Канарските Острови и Мадејра. Тој ги именувал Канарските Острови според особено жестоките кучиња на островот.O'Brien, Sally and Sarah Andrews. (2004) Lonely Planet Canary Islands, "Lonely Planet". p. 59. . Јуба II и Старите Римјани островот Тенерифе го нарекувале Ниварија, што произлегува од латинскиот збор nix, што значи снег, осврнувајќи се на снегот покриен со вулканот Теиде.Charles Knight, The English Cyclopaedia, 1866, Bradbury, Evans Подоцнежните мапи кои датираат од XIV и XV век, островот го споменуваат како Исла дел Инфиерно, што буквално значи „остров на пеколот“, главно поради вулканската активност и ерупциите на вулканот Теиде.
Се смета дека името на островот го дале Бенахоритите (домородци на Лас Палмас), кои островот го нарекувале „Тени“ (планина) и „ифе“ што значи бело. По колонизацијата, поради хиспанизацијата, кон името била додадена буквата „р“ за обединување на двата зборови, по кое се добило името Тенерифе.
Сепак, низ историјата имало други објаснувања за да се открие потеклото на името на островот. На пример, историчарите од XVIII век, Хуан Нуњес де ла Пења и Томас Аријас Марин де Кубас, меѓу другото, наведуваат дека островот, најверојатно, бил именуван од домородците според легендарниот крал Тинерфе Големиот. Тој владеел со целиот остров во деновите пред освојувањето на Канарските Острови од Кастиља."El nombre de Tenerife." Joaquín Caridad Arias, Dial Net
.
Демонимија
Формалната демонимија што ја користат луѓето кои живеат на островот е Тинерфено (Tinerfeño), a исто така се користи колоквијално и терминот чичареро (chicharrero). Во современото општество, второто име обично се применува само од жителите на главниот град Санта Крус. Терминот некогаш бил навредлив термин што го користеле луѓето од Ла Лагуна, кога градот бил главен и се однесувало на посиромашните жители и рибари од Санта Крус. Рибарите најчесто ловеле скуша, а другите жители јаделе компири, кои се претпоставува дека биле со низок квалитет за разлика од оној на елитата од Ла Лагуна. Додека Санта Крус растела преку трговијата, го замениола Ла Лагуна како главен град на Тенерифе во 1833 година за време на владеењето на Фернандо VII. Тогаш жителите на Санта Крус ја искористиле претходната навреда за да се идентификуваат како жители на новиот главен град, на сметка на Ла Лагуна.
Историја
Најраната позната човечка населба на островите датира од околу 200 п.н.е., од берберите познати како Гуанчи, иако, пештерата на Гуанчите во општина Икод де лос Винос на север од Тенерифе, ги обезбедила најстарите хронологии на Канарските Острови, со датуми околу шестиот век п.н.е.
Во однос на технолошкото ниво, културата на Гуанчи се одликува со напреден културен развој, најверојатно поврзан со културните одлики на берберските народи, увезени од Северна Африка и слабиот технолошки развој, утврдени поради недостигот на суровини, особено минерали кои овозможуваат екстракција на метали. Главната активност на населението во тоа време била пасење, иако населението исто така било ангажирано во земјоделството, како и во риболовот и собирање школки од брегот или користење риболовни пловни објекти.
Што се однесува до верувањата, религијата во Гуанчи била политеистичка, иако астралниот култ бил широко распространет. Покрај него постоела и анимистичка религиозност која сакрализирала одредени места, главно карпи и планини. Меѓу главните богови на племето биле: Ахаман (бог на небото и врховен бог), Чаксиракси (мајка божица), Махек (бог на сонцето) и Гуајота (демонот). Особено голем претставувал култот кон мртвите, практикувајќи мумификација на труповите. Покрај тоа, на островот се појавиле и мали глинени фигури од антропоморфниот и зооморфниот тип поврзани преку разни ритуали и толкувани како идоли. Меѓу нив се истакнува и таканаречениот идол на Гуатимак, за кој се верува дека претставува заштитен дух.
Територијална организација пред освојувањето
Околу сто години пред освојувањето од страна на кралот Јуба II, титулата Менеси била дадена на монархот или крал на Гуанчите, кој управувал со царството. Оваа улога подоцна беше наречена „капетанство“ од страна на освојувачите. Тинарфе Големиот, син на Сунта, го управувал островот од Адехе на југ. Меѓутоа, по неговата смрт, неговите девет деца се побуниле и започнал конфликт за тоа како да го поделат островот.
На островот биле создадени два независни achimenceyatos, а островот бил поделен на девет дела (menceyes). Менцеите на островот го формирале она што ќе биде слично на денешните општини. Така, територијата на островот ги опфаќала следните делови: Таоро. Денес ги вклучува Пуерто де ла Круз, Ла Оротава, Ла Викторија де Ацетехо, Ла Матанца де Ацетехо, Лос Реалехос и Санта Урсула. Гуимар. Денес оваа територија е составена од Ел Росарио, Канделарија, Арафо и Гуимар Абона. Денес ги вклучува Фаснија, Арико, Гранадиља де Абона, Сан Мигел де Абона и Арона. Анага. Денес оваа територија ги опфаќа општините Санта Крус де Тенерифе и Сан Кристобал де Ла Лагуна. Тегесте. Денес оваа територија е составена од Тегесте и дел од крајбрежната зона на Ла Лагуна. Такоронте. Денес оваа територија е составена од Такоронте и Ел Саузал Икоде. Денес оваа територија е составена од Сан Хуан де ла Рамбла, Ла Гуанча, Гарачико и Икод де Лос Винос. Дауте. Денес оваа територија е составена од Ел Танке, Лос Силос, Буенависта дел Норте и Сантјаго дел Теиде. Адехе. Денес оваа територија е составена од Гија де Исора, Адехе и Вилафлор
Шпанско освојување
Тенерифе бил последниот остров на Канарските Острови што требало да биде освоен и оној што најдолго му требало да се предаде на кастилските трупи. Иако традиционалните датуми на освојување на Тенерифе се воспоставени помеѓу 1494 година (доаѓањето на Алонсо Фернандес де Луго) и 1496 (освојување на островот), мора да се земе предвид дека обидите за анектирање на островот Тенерифе започнале уште од 1464 година. Поради оваа причина, од првиот обид за освојување на островот во 1464, сè додека не бил конечно освоен во 1496, поминале 32 години.
Во 1464 година, Диего Гарсија де Херера, Господарот на Канарските Острови, симболично го посетил островот потпишувајќи мировен договор со водачите на Гуанчи. Договорот дозволувал на Анага да се изгради тврдина и кула, по кое Шпанија и водачите одржувале периодични договори за разговори додека тврдината не била уништена во околу 1472 година.
Во 1492 година гувернерот на Гран Канарија, Франсиско Малдонадо организирал напад што завршил со катастрофа за Шпанците кои биле поразени од силите на Анага. Во декември 1493 година, католичките монарси, кралицата Изабела I и кралот Фердинанд II, му дале на Алонсо Фернандес де Луго право да го освои Тенерифе. Доаѓајќи од Гран Канарија во април 1494 година, освојувачот пристигнал на брегот на денешниот град Санта Крус де Тенерифе во мај заедно со околу 2.000 војници и 200 коњаници. По преземањето на тврдината, армијата продолжила кон внатрешноста, подоцна ги заробила кралевите на Тенерифе и ги однела пред Изабела и Фердинанд.
Поделените територии на Тенерифе и нивните владетели имале различни одговори на освојувањето. Едните биле за одржување на мирот (шпански: bando de paz), додека другите биле за продолжување на војната (шпански: bando de guerra). Кон првиот предлог се приклучиле Анага, Гуимар, Абона и Адехе додека кон вториот предлог се приклучиле Тегесте, Таоро, Такоронте, Икоде и Дауте. Оние кои се спротивставувале на освојувањето се бореле против напаѓачите. Кастилските сили доживеале пораз во првата битка кај Ацетехо на 31 мај 1494 година, но биле поразени во Втората битка на 25 декември 1494 година. Гуанчите на крајот биле поразени и се предале на круната на Кастиља во 1496 година.
Шпанска управа
Голем дел од домородците починале од нови заразни болести, како што се грип и веројатно големи сипаници, главно поради немање имунитет. Новите колонисти се венчале со месното население. Во текот на еден век по освојувањето, многу нови колонисти се населиле на островот, вклучувајќи и имигранти од различни територии на растечкото Шпанско Царство, како што се Фландрија, Италија и Германија.