Вајтос или Градиште — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Октиси. Претставува утврдена населба од раноантичко и римско време. Се наоѓа на 3 км западно од селото, на падините на планината Јабланица, каде се протега на височина со стрмни падини, кои доминираат над Струшко поле. На нејзиниот врв е утврдена населба со димензии од 680 × 80 м. На северната страна се пронајдени остатоци од бедем од хеленистичкото време, широк 2,20 м, сувоѕидан од камени блокови долги до 1,30 м, во „опус псевдоисодомум“. Во западниот дел, градиштето е проширено и доградено со ѕидарија од малтер, од римското време.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.Битракова Грозданова В., 1988a, стр. 38-39.

Поврзано Октиси; Гончаровска Куќа — некропола од доцноантичко време; Градиште — утврдена населба од средниот век; Св. Атанасија — црква и некропола од средниот век; Св. Врачи — црква од средниот век: Св. Димитрија — црква од средниот век: Св. Никола — базилика од старохристијанско време.

Наводи

Категорија:Октиси