„Самоуништување“ ― македонски игран филм од 1996 година. Режиран е од Ербил Алтанај, по сценарио на Сашко Насев, а како продуцент и во главната улога се јавува Јовица Михајловски, Катерина Коцевска, Благоја Чоревски, Тони Михајловски

Улоги

Глумец Улога Јовица Михајловски Кумплунг (Јован) Катерина Коцевска Стојна Благоја Чоревски Славчо (Цацко) Оливер Митковски Цоле Јелена Мијатовиќ Шила Тони Михајловски Црни (уличен ограбувач) Силвана Ерац Вилма Валентина Божиновска Роза Бајруш Мјаку Шеф на кафана

Кратка содржина

Филмот „Самоуништување“ е урбана трагикомедија чија тема е распаѓањето на семејството, кризата на поединецот врзана со духот на времето во кое се случува дејството, иако пред сè, тоа е семејна морална драма која може да се смести и во кое било време и место, а во случајов се одвива во едно скопско предградие, и се случува сега. Тоа е приказна за ликот Кумплунг, таксист, човек без морални предрасуди, силеџија и љубовџија, човек што ги почитува само своите страсти. Тој кон сопругата Стојна, работничка во фабрика, се однесува како кон сопственост, па таа ропски послушна ги исполнува неговите барања и го поднесува неговото грубо и просто однесување.

Цоле, неговиот син студент, е малтретиран од својот татко кој кон него не чувствува ниту татковска љубов ниту обврска. Единствена слабост Кумплунг покажува кон неговата љубовница Шила, кафеанска пејачка, која се мажи за полицискиот инспектор, брат на Стојна. Само тогаш Кумплунг е исфрлен од шемата по која живее и веднаш бара нов сексуален објект. Жртва станува девојката на неговиот син, Вилма, наивна и приглупа девојка која по силувањето станува негова љубовница. Од оваа тајна врска таа останува бремена. Цоле, при една брутална сцена на насилство на Кумплунг врз Стојна, го напаѓа таткото кој потоа останува инвалид врзан за количка. Цоле се жени за Вилма, таа раѓа син, а Стојна и понатаму ропски ја поднесува судбината обременета со нови тешкотии.

Категорија:Македонски филмови од 1990-тите Категорија:Македонски дела од 1996 година Категорија:Појавено во 1996 година во Македонија Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Скопје Категорија:Филмови снимени во Скопје Категорија:Филмови снимени во Долно Лисиче