Макреш — село во Општина Свети Николе, во областа Овче Поле во околината на градот Свети Николе.
Географија и местоположба
Историја Во XIX век селото било дел од Штипската Каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Население
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Макреш имало 30 жители, сите Македонци.Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 232. Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Макреш имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134 – 135.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.
Селото е раселено и според пописот од 2002 година, селото Макреш нема жители.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Родови Макреш е македонско село.
Според истражувањата од 1957 година, родови во селото
Доселеници: Грмодолци (5 к.) доселени се околу 1837 година од селото Стањевци. Изгледа и таму биле доселени однекаде. Го знаат следното родословие: Димитар (жив на 30 г. во 1957 година) Гаврил-Аврам-Петре, се доселил неговиот татко; Барутчинци (4 к.) доселени се после претходниот род од селото Ранченци. И таму имале роднини доселени однекаде.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Црквиште - средновековна црква со некропола
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво Селото Макреш цело време било мало село затоа што од него многу изумирало и се иселувало населението. Целосно изумреле родовите Ничевци, Изарци, Божинкови и Костови.
Постаро население иселено од ова село има во Ранченци (Бурчији), Крушица (Дупкаровци) и во Свети Николе.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Светиниколски села Категорија:Села во Општина Свети Николе
Категорија:Раселени села во Македонија