Свети Димитриј — помала селска црква во струшкото село Ташмаруништа, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа кај селското училиште и се смета за мало манастирче.

Историја

Црквата била подигната во 1970-тите години на темели на стар храм, која била поклон и изградена со сопствени средства на Војса и Ристо Митрески. При изградбата на црквата биле откриени темели од постар објект со мозаичен под, веројатно од базилика, поради што местото околу црквата претствува археолошко наоѓалиште познато како Св. Димитрија. Исто така, во времето на Втората светска војна бугарските војници, копајќи ровови, откриле мермерни плочи.

Во 1995 година бил создаден иницијативен одбор за обнова на црквата и со донации од селото и странство била подигната денешната црква. Била осветена на 20 октомври 1996 година од страна на митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Галерија

Поврзано Струшко архијерејско намесништво Четврта струшка парохија Ташмаруништа

Наводи

Надворешни врски

Ташмаруништа