150п|мини|десно|Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Сарамзалино

Сарамзалино — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле, во околината на градот Свети Николе.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во Овче Поле, на 3,5 километри источно од Лозово, 15,5 километри југозападно од Свети Николе и 25 километри северозападно од Штип.

Историја На крајот на XIX век селото било дел од Штипската Каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 180 Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226. Според Димитар Мишев, селото во 1905 година имало 104 Македонци христијани.

Демографија Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.

На пописот од 2002 година, селото имало 118 жители. Следува табела на националната структура на населениетоПопис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Националност Вкупно Македонци 116 Турци 0 Роми 0 Албанци 0 Власи 0 Срби 2 Бошњаци 0 останати 0

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Сарамзалино има 86 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно Македонци 84Албанци 0Турци 0Роми 0Власи 0Срби 0Бошњаци 0Други2

Родови Сарамзалино е македонско село.

Според истражувањата од 1958 година, родови во селото

Доселеници: Андоновци (3 к.), Китановци (1 к.), Темелковци (1 к.) и Теофци (1 к.) стари доселеници со непознато потекло; Науновци (3 к.) доселени се однекаде во втората половина на XIX век; Шалварковци (3 к.) доселени се кон крајот на XIX век од селото Делисинци; Топаловци (3 к.) доселени се во 1890 година од селото Ќоселери. Таму изгледа биле староседелци; Зафировци (2 к.) доселени се во 1908 година од селото Кадрифаково. Таму биле доселени однекаде; Петревци (3 к.) доселени се околу 1918 година од селото Делисинци. И таму биле доселени однекаде; Златкови (1 к.) доселени се во 1943 година од селото Богословец. Таму биле староседелци; Спиридоновци (1 к.) доселени се во 1946 година од Кратовско.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1704 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 75 гласачи.

Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Успение на Пресвета Богородица“

Археолошки наоѓалишта Мера — некропола од средниот век

Поврзано Овче Поле Општина Лозово Свети Николе

Наводи

Надворешни врски Сателитска снимка на Сарамзалино на Карти на Гугл

Категорија:Села во Македонија Категорија:Светиниколски села Категорија:Села во Општина Лозово