Петар Ангелов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Внатрешна македонска револуционерна организација. Животопис Ангелов е роден во 1895 година во преспанското село Граждано, тогаш во Османлиското Царство, денес во Грција. Во 1912 година емигрира во Америка, но се враќа при избувнувањето на Првата балканска војна и се запишува како доброволец во бугарската армија. По завршувањето на Првата светска војна учествува во создавањето на ВМРО и четник е при Илија Дигалов, а по неговата смрт во 1922 година станува преспански војвода со 16 четници Националноосвободителната борба в Македония, 1919 - 1941 г.“, Колектив, ИК „Знание“, София, 1998 г., стр. 168. Во 1924 година е во четата на Георги Поп Христов Спомени на Георги Попхристов. Во пролетта 1925 година ја поминува реката Вардар заедно со четите на Илија Лерински, Андон Попштерев, Тале Андонов и Наум Јосифов со курирска чета на Христо Андонов Спомени на Георги Попхристов. По убиството на Александар Протогеров во 1928 година е на страната на протогеровистите. Петар Ангелов е убиен во 1932 година во Хасково од приврзаници на Иван Михајлов Гаджев, Иван, „Иван Михайлов (отвъд легендите)“, Том I, София 2007, Университетско издателство „Свети Климент Охридски“, стр. 818.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 8..
Наводи
Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Македонски преселници во Хасково