Георги Атанасов Атанасов, познат по псевдонимите Моров, Петар Вангелов, Вангел Петров, Август и Беломорски ( - ) — офицер од Бугарија, учесник во македонското револуционерно движење и член на Внатрешна македонска револуционерна организација.Гаджев, Иван. „Иван Михайлов - отвъд легендите“, Том I, София 2007, Университетско издателство „Св. Климен Охридски“, стр. 426„Заговорътъ противъ Тодоръ Александровъ. По данни на Втрешната Македонска Революционна Организация“. София, 1924.
Животопис лево|мини|350п|Георги Атанасов, Александар Протоѓеров и Алеко Василев Георги Атанасов е роден на 14 јануари 1880 година во Велико Трново. Од 1 јануари 1900 година е кадровски офицер во бугарската армија. Учествува во Балканската војна, Втората балканска војна и Првата светска војна. Во 1919 година Георги Атанасов е отпуштен од војската со чин потполковник. Тој бил четник во четата на Тодор Александров. На 6 јануари 1922 година откако е предизвикан, во софиското кафуле „Панах“, ги убива петричкиот окружниот управник Васил Славов, началникот на 6-полициска станица и еден полицаец. Извесно време се крие во Софија, по што станува четник на ВМРО во Кочанско,Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 - 1924, Льовен, 1965, стр. 128. а подоцна бил назначен за специјален претставник на ЦК на ВМРО и за секретар на Алексо Василев - Пашата.
Георги Атанасов станува член на Тајниот воен сојуз. Заедно со Алексо Василев ја спроведуваат Неврокопска акција на ВМРО во 1922 година. Учествува и во 9-то јунскиот државен удар на Александар Цанков во 1923 година. Истата година со група четници, учествува во задушувањето на Септемвриското востание.Баждаров, Георги. "Моите спомени", София, 2001, стр. 128 По Септемвриското востание (1923 година), доаѓа во судир со Тодор Александров.
Атанасов бил обвинет дека е еден од главните организатори на убиството на Тодор Александров во 1924 година. Поради тоа, по наредба на бугароманот Иван Михајлов, е убиен за време на Горноџумајските случувања на 12 септември во престрелка со групата на Кирил Дрангов во Горна Џумаја.„Националноосвободителната борба в Македония, 1919 - 1941 г.“, Колектив, ИК „Знание“, София, 1998 г., стр. 133
Наводи
Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Бугарски офицери