Меру (свахили: Mlima Meru, англиски: Mount Meru) — активен вулкан што се издига 70 км западно од планината Килиманџаро во Танзанија, од која може да се види на ведар денПоглед на планината Меру од Килиманџаро . Со височина од 4.566 м, Меру е десетта планина по височина во Африка. Планината изгубила голем дел од масата пред околу 8.000 години со голема ерупција во источен правец, слична на онаа на Сент Хеленс во Вашингтон во 1980. Последната ерупција на Меру се случила во 1910 и била од мал обем. Неколкуте мали конуси и кратери во близината укажуваат на разни епизоди на активност во историјата на вулканот.

Меру е најистакнатото природно обележје на националниот парк Аруша. Под плодното подножје се простира савана, а самите падини се шумовити и богати со најразновидни диви животни, меѓу кои речиси 400 видови на птици, како и разни мајмуни и леопарди.

На врвот е поставено дваметарско знаме на Танзанија изработено од метал, како и бетонски милјоказ со натпис „Социјалистички Врв 4562,13 м“.

Поврзано Килиманџаро Географија на Танзанија Список на вулкани во Танзанија

Наводи

Надворешни врски Меру - Peakware Сателитски слики на Меру Информации за планинарските патеки на Меру

Галерија

Категорија:Вулкани во Танзанија Категорија:Планини во Танзанија Категорија:Стратовулкани Категорија:Аруша (регион) Категорија:Активни вулкани Категорија:Четириилјадници